Достапни линкови

Ревизорите откриваат неправилности, институциите не реагираат


Генералниот секретар на Државниот завод за ревизија (десно) зборува на прес-конференција за мониторингот на работата на институцијата.
Генералниот секретар на Државниот завод за ревизија (десно) зборува на прес-конференција за мониторингот на работата на институцијата.

Државниот завод за ревизија во своите извештаи често укажува на неправилности за трошење буџетски пари, но другите институции ретко го казнуваат сторителот. Експерти велат дека е неопходно да профункционира системот државата и да има поголема соработка меѓу државните органи.

И покрај сите негативни мислења и извештаи на Државниот завод за ревизија, во кои се констатирани нерегуларности на водечки луѓе во државни институции, сведоци сме оти на нив не реагираше ниту Основното јавно обвинителство, ниту Државната комисија за спречување на корупција, вели Ана Јаневска - Делева од Транспарентност Македонија.

Коментарите доаѓаат во услови кога Државниот завод за ревизија во своите извештаи често констатира неправилности во работата на државните институции, но ретко кога останатите институции, кои треба да утврдат дали е сторено кривично дело, го казнуваат сторителот.

Јаневска - Делева истакнува дека е потребна соработка меѓу институциите и само на тој начин ќе запрат и ќе бидат санкционирани злоупотребите.

„Државниот завод за ревизија врши годишни ревизии на сите институции кои се во нивната програма и сведоци сме дека редовно во тие извештаи за институциите се констатирани многу нерегуларности коишто се направени од страна на водечките луѓе во тие институции. Потребно е да профункционира системот и сите нерегуларности и неправилности да се проследат до другите институции за тие да реагираат“, вели Јаневска- Делева.

Државниот завод за ревизија во своите извештаи често констатира неправилности во работата на државните институции, но ретко кога останатите институции, кои треба да утврдат дали е сторено кривично дело, го казнуваат сторителот.

На оваа тема зборуваше и генералниот секретар на Државниот завод за ревизија Александар Поповски, на презентација за следењето на работата на ДЗР, изработен од Фондацијата за демократија на Вестминстер и Центарот за економски анализи.

Поповски објаснува дека работата на Државниот завод за ревизија завршува при укажување на евентуални неправилностии за сомневања за злоупотреби, прекршувања или коруптивни пракси кои подоцна треба да ги истражат соодветни институции, како Државната комисија за спречување на корупцијата или Основното јавно обвинителство.

„Ревизорите не треба да бидат оние кои ќе ја вршат работата на другите државни институции и оти она што се бара како ефикасност од нас е да продуцираме конечен ревизорски извештај, согласно меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции. (...) Конечниот ревизорски извештај укажува на неправилности, меѓутоа тој не укажува на одговорност на евентуалните субјекти по однос на истите кои треба да бидат истражени понатаму“, вели Поповски.

Тој додава дека ревизорскиот извештај е врховен и тој не подлежи на оценка од ниту една друга институција и од правен аспект може да служи како факт или доказ во секоја судска постапка, а другите институции треба во нивните постапки да утврдат можни прекршувања на законите.

Државниот завод за ревизија согласно неговиот мандат врши ревизија на државни институции, единици на локална самоуправа, јавни претпријатија и политички партии.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG