Достапни линкови

Несериозен приод кон извештаите на државниот ревизор


Скопје
Скопје

Надлежните институции несериозно ги третираат извештаите на државниот ревизор, често не покренувајќи постапка и покрај констатацијата за одредени злоупотреби, велат експертите. Според нив потребно е да се направи промена во законот со што би и се дале повеќе надлежности на Државната Ревизија.

Извештаите на Државниот ревизор за злоупотреба на државните пари често несериозно се третирани од надлежните институции сметаат експертите. Тие проблемот го лоцираат во недобрата поврзаност и усогласеност помеѓу државната ревизија, јавното обвинителство и државната Антикорупциска комисија. Многу е лошо кога во јавноста излегуваат податоците од ревизијата која тврди дека во определена институција има злоупотреба на државни пари, а Јавниот обвинител пак тврди дека тука нема кривично дело, вели правникот Драган Малиновски.
Дали обвинителот е инеретен, не сака да поведе постапка, или пак ревизорот не основано утврдил злоупотреби, а тие де факто не се. Треба да се детерминира работата, да се постави на принципиелни основи и да нема субјективизам понатаму во имплементација на законот


„Некој треба да даде објаснување зошто е тоа така. Дали обвинителот е инеретен, не сака да поведе постапка, или пак ревизорот не основано утврдил злоупотреби, а тие де факто не се. Треба да се детерминира работата, да се постави на принципиелни основи и да нема субјективизам понатаму во имплементација на законот.“

Основна надлежност на Државната ревивизија е анализа на финансиските податоци на институциите и менаџирањето со буџетските пари.

„Доколку овластениот државен ревизор во рврешење на ревизија, утврди дека постои основано сомневање дека е сторен прекршок или кривично дело, за тоа веднаш штом е можно ќе ги извести надлежните органи заради поведување соодветна постапка, од друга страна надлежните органи се должни а преземените мерки да го известат Државниот завод за ревизија во рок од 90 дена.“

вели потпаролот на Државна ревизија Мијалче Дургутов.
По објавувањето на извештаите, државната Антикорупциска комисија покренува иницијатива до Јавното обвинителство кое треба понатака да покрене постапка. Еспертите велат дека е неопходно да се направи промена во законот. Да и се дадат повеќе надлежности на Државната Ревизија да може да преземе конкретни мерки кон институциите кои непостапиле според нивните сомневања.
Може да се работи тука на зголемување на надлежноста и компетенцијата на државниот ревизор, неговата улога да се зајакне


„Може да се работи тука на зголемување на надлежноста и компетенцијата на државниот ревизор, неговата улога да се зајакне, а треба да се зајакне и кадарот. Треба да има и повеќе кадар, можеби ќе треба некако и по локалната самоуправа или од Скопје да се покрива, но во секој случај потребно е зајакнување на државниот ревизор.“

вели поранешен член на антикорупциската комисија Вања Михајлова.
Пред само неколку дена државниот ревизор излезе со извештај за работата на Министертвото за транспорт и врски. Во извештајот се наведува сомнение за малверзации во вредност од 10 милиони евра. Собранието го добива овие извештаите и треба како највисок орган да лоцира каде алката се прекинува помеѓу надлежните институции и кој треба да ја понесе одговорноста за несериозниот приод кон извештаите на државниот ревизор, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG