Достапни линкови

За притворот на Кочан повторно ќе се одлучува


Бизнисменот Сеад Кочан. 

Апелациониот суд ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судот бизнисменот Сеад Кочан наместо да биде во притвор да даде парична гаранција во висина од околу 900 илјади евра. Кривичниот совет на овој суд на седница одржана на 6 јуни решил за предметот во овој дел повторно да се одлучува.

„Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција“, стои во соопштението на судот објавено на 7 јуни.

Бизнисменот Сеад Кочан е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“. Откако Обвинителството го најави случајот, Кочан замина на „службен пат“, кој траеше повеќе од два месеци. Во меѓувреме судот прво му одреди мерка притвор, па распиша потерница, а потоа реши да му бара парична гаранција.

Според истрагата на СЈО, обвинетите во случајот Труст фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“ на Кочан.

XS
SM
MD
LG