Достапни линкови

Телефонски разговор Ципрас-Заев


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Европската перспектива на Македонија, развивањето на македонско-грчките врски и спорот за името се дел од темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и новиот македонски премиер Зоран Заев.

Од кабинетот на Ципрас соопштија дека грчкиот премиер разговарал со Заев со цел да му честита за преземањето на премиерската функција во Македонија. Ципрас во разговорот ги повторил и потенцирал грчките позиции во однос на прашањето за името, а се разговарало и за перспективата на Македонија за прием во Европската Унија и НАТО.

Двајцата премиери разговарале за унапредување на билатералните врски и спроведувањето на мерките за градење доверба, кои забележале дека се особено важни за двете страни, а станало збор и за случувањата во регионот.

Првата официјална средба меѓу високи претставници на грчката и на новата македонска влада, се очекува во текот на овој месец, откако минатата недела грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас го покани новиот македонски министер за надворешни работи Никола Димитров да ја посети Атина.

XS
SM
MD
LG