Достапни линкови

ЕУ очекува договор за заеднички пазар на Западен Балкан


Архива - Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан изјави дека очекува оти следниот месец ќе биде постигнат политички договор меѓу премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија за заеднички регионален економски пазар на Западен Балкан, кога шесте премиери и претставници на ЕУ ќе се сретнат во италијанскиот главен Трст на 12 јули.

Хан денеска во Брисел изјави оти очекува „дека ќе има значителен политички договор за работа на регионална економска област во насока на овозможување на слободен пристап на стоки, услуги, но исто така и на взаемно признавање на сертификатите, особено професионалните. Хан додаде дека на состанокот ќе се дискутира и за воведување на „поинтегриран дигитален пазар, на пример кога станува збор за намалувањето на тарифите за роаминг.“ Тој изрази надеж дека лидерите ќе покажат доволно политичка волја за постигнување на функционален регионален пазар следната година.

Идејата за заеднички пазар на Западен Балкан беше дискутирана кога лидерите на шесете земји во март се сретнаа во Сараево. Сите шест земји се кандидатки или потенцијални кандидатки за членство во ЕУ, но не се очекува дека ќе се приклучат на блокот оваа декада. Претставници на ЕУ за РСЕ рекоа дека заедничкиот пазар на Западен Балкан ќе ги подготви земјите за идното пристапување и интеграција во ЕУ.

XS
SM
MD
LG