Достапни линкови

Русија се обидела да влезе во избирачкиот систем на САД


aмериканската Агенција за национална безбедност

Строго доверлив документ на американската Агенција за национална безбедност обелоденет во медиумите покажува дека хакери од руското воено разузнавање се обиделе да влезат во американскиот избирачки систем пред минатогодишните претседателски избори. Министерството за правда соопшти дека за вчерашното објавување на документот бил упсен еден вработен во националното разузнавање. Во објавениот документ се наведува дека операцијата поврзана со руската разузнавачка агенција ГРУ ги имала за цел американските приватни компании кои вршеле регистрација на гласачите и кои ги снабдувале локалните влади со неопходната опрема за тоа.

XS
SM
MD
LG