Достапни линкови

Кочан повторно на распит во СЈО


Бизнисменот Сеад Кочан.

Бизнисменот Сеад Кочан денеска повторно е на распит во СЈО. Кочан кој е првоосомничен во случајот „Труст“ и овој пат беше придружуван од неговиот адвокат Никола Додевски и не даде изјава за медиумите. Тој на 26 мај за прв пат се појави во СЈО, откако околу два месеци беше надвор од државата. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода.

Според истрагата на СЈО, обвинетите во случајот Труст фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“ на Кочан.

XS
SM
MD
LG