Достапни линкови

Штајнмаер ја повика Европа да остане посветена на Западниот Балкан


Балканските лидери на Самитот во Брдо кај Крањ на 3 јуни 2017

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја повика Европа да остане посветена на Западниот Балкан и покрај многубројните проблеми со кои се соочува регионот. Тој ова го кажа вчера на крајот на Самитот на балканските лидери во Брдо кај Крањ во Словенија. На состанокот на лидерите на Брдо-Бриони процесот, чиј домаќин е Словенија, учествуваат германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателот на Албанија Бујар Нишани и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ.

Во заедничкото соопштение по средбата, тие повикаа на продолжување на интеграциите во ЕУ, зајакнување на дијалогот и воздржување од „националистичка и потпалувачка реторика“.

Шајнмаер рече дека тоа што се случува, но и тоа што не се случува во регионот „нè загрижува и ќе има влијание и на нас“.

XS
SM
MD
LG