Достапни линкови

Поранешната претседателка на Косово не можеше да влезе во Србија


Архивска фотографија-поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага

Поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага се врати од границата со Србија каде што требаше да замине за да учествува на настан на кој се промовира дијалог меѓу поранешните воени непријатели. Јахјага требаше денеска во Белград да присуствува на презентација на книга со сведоштва на жени кои биле под тортура за време не војната во Косово во 1998-99 година. Според протоколот, српската полиција требало да и обезбеди на Јахјага безбедносна придружба во Србија, но таа не се појавила на границата вчера. Поранешната претседателка морала да се врати, а српската полиција не дала образложение зошто не обезбедила придружба за неа, јавуваат агенциите. Таа сега планира да се обрати преку видео линк соопштија од Младинската иницијатива за човекови права, која што е организатор на настанот. Српските националисти протестираа против фестивалот во Белград кој е организиран од либерални групи од Србија и Косово.

XS
SM
MD
LG