Достапни линкови

Шведска ја прекина истрагата за Асанж


Шведска- Шефот на шведското јавно обвинителство Маријане Ну, 19.05.2017

Шведското обвинителство соопшти дека ја прекинува седумгодишната истрага за наводно силување која се водеше за основачот на Викиликс Џулијан Асанж. За него се уште има распишано потерница во Британија.

Маријане Ну, директорка на шведското јавно обвинителство, одлучи да ја прекине прелиминарната истрага, беше соопштено денеска кога истекува рокот за обвинителството да ја обнови или тргне европската потерница за Асанж пред судот во Стокхолм.

45-годишниот Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон обидувајќи да ја избегне екстрадиција во Шведска. Тој стравува дека може да биде пратен во Шведска од британските власти а потоа би можел да биде екстрадиран во САД каде што е баран поради објавувањето на 500 000 тајни документи на Викиликс.

XS
SM
MD
LG