Достапни линкови

Иванов ќе му го даде мандатот на Заев


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

По неколкумесечен политички вакум, во кој Иванов одбиваше да му го даде мандатот на Заев, денеска од Кабинетот стигна кусо соопштение со кое информираат дека ќе му го даде мандатот на претседателот на СДСМ.

Иванов бараше гаранции од Заев за унитарноста на државата.

Заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави Хојт Брајан Ји во интервју објавено денеска на Балкан Инсајт вели дека верува оти претседателот Иванов ќе ја направи „вистинската работа“ и ќе го даде мандатот за формирање влада на Заев.

XS
SM
MD
LG