Достапни линкови

ЗНМ бара отчет за непрофесионалното известување на МРТ за 27 април


Прес конференција на ЗНМ

ЗНМ излесе со соопштение во кое се вели дека членот на програмскиот совет на Македонската радио телевизија, номиниран од Здружението на новинари на Македонија, Ведат Мемедалиу, минатата недела побарал итна седница на Програмскиот совет, на која треба да се расправа за начинот на кој јавниот радиодифузен сервис известувал за насилствата во Собранието на 27 април. На седницата ќе се бара отчет од раководството на МРТ и од одговорните уредници на сите програмски сервиси во телевизијата и во радиото за непрофесионлното известување за инцидентите

Според најавите, седницата на Програмскиот совет на МРТ треба де се оддржи утре во 14 часот во просториите на Македонската радио телевизија

Како што се наведува во соопштението, барање на Мемедалиу за итна седница следи по дописот што до Програмскиот совет на МРТ го упати Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој Агенцијата бара да се провери дали јавниот сервис критичниот ден известувал согласно принципите превидени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

"Членот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги Зоран Фидановски, кој е номиниран од ЗНМ, на седницата од петти 5 мај, ја поздрави реакцијата на АВМУ за иницирање на расправа за однесувањето на МРТ во врска со инцидентите во Парламентот, во кои меѓу другото има повредени 20 новинари и членови на известувачките екипи. Фидановски најави дека ЗНМ ќе побара одговорност од раководството на МРТ за ваквото непрофесионално известување на јавниот сервис за време на критичниот ден“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

XS
SM
MD
LG