Достапни линкови

Згаснуваат медиумите "Утрински весник" и "Вест"


Насловната на весникот Утрински весник.

Денеска за последен пат во печатено издание излегуваат весниците „Утрински весник“ и „Вест“, кои 18 години ја одбележуваа медиумската сцена“. Овие два весника од МПМ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.. Единствено дневниот весник „Дневник“ ќе продолжи со работа.

Причина за затворањето на медиумите е лошата финансиска состојба на компанијата. Фирмата „Графички центар“, која е сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“, во Основниот суд Скопје 2 почна претстечајна постапка.

Од 230 вработени во сите медиуми и во администрацијата, во новата фирма ќе останат 113 вработени.

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ вчера се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници

XS
SM
MD
LG