Достапни линкови

Панорамско тркало да не се врти


Средување на економијата наместо Панорамско тркало
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Средување на економијата наместо Панорамско тркало

Илјадници граѓани ја потпишале онлајн иницијативата за запирање на изградбата на Панорамското тркало. Анкетираните граѓани велат дека тие пари треба да се пренаменат за други цели, но има и такви кои додаваат дека тркалото е добро за Скопје.

Граѓаните на Скопје охрабрени од прифаќањето на иницијативата за откажување на прославата на Нова година и пренамена на парите за социјално загрозените семејства, излегоа со нова петиција за стопирање на изградбата на Панорамското тркало. Потписите на онлајн петицијата се упатени до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, но и до Владата. Луѓето имаат многу новогодишни желби и креативни идеи за пренамена на парите. Изградбата на Панорамското тркало државата ќе ја чини над 20 милиони евра, а овој објект е еден од најкритикуваните во проектот Скопје 2014.

„Ова го прават луѓето што не го доживеале духот на Скопје. Тоа се луѓе кои се дојденци и го гледаат само својот личен интерес, а народот си молчи и дозволува.“

„Повеќе сум за да не се гради.“

„ Да се стопира, за некоја друга цел парите да одат.“

„Па јас сум скопјанка и ова сè што е направено за Скопје е добро. И ова е добро“, велат анкетираните граѓани.

Протест - Скопје не е Дизниленд
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:46 0:00

Во образложението на планот се вели дека парцелата во близина на некогашниот Офицерски дом ќе биде наменета за тематски забавен парк со Панорамско тркало за разгледуавње на градот. Многумина гледаат критично на овој објект, поради големите суми што се издвојуваат за него и нагласуваат дека е потребно подборување на социо-економските состојби во државата.

„Овие пари треба во производство да се пренаменат да се создаде сопствен капитал, а не да се земаат кредити. Народот да се вработи, да не ни бегаат надвор младите кои се образувани.“

„Подобро за народот да се подделат парите. Има социјални проблеми.“

„Мислам дека парите треба да се пренаменат за децата кои имаат канцер, за училишта, да имаме опремени лабаратории.“

„Потребно е Панорамското тркало. Од странство ќе доаѓаат и ќе се восхитуваат.“

„За што било може да се пренаменат. Во каса нека стојат само да не се потрошат за Панорамското тркало“, велат граѓаните.

Во моментов, петицијата за запирање на изградбата на Панорамското тркало ја потпишале илјадници граѓани. Од Градот Скопје и од Владата засега нема реакција за најновата иницијатива. Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП, но зад финансирањето стојат јавни институции и државниот буџет.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG