Достапни линкови

Активисти повикаа на одговорност на Диме Спасов


Дополнителниот заменик министер Диме Спасов

Граѓански активисти денеска побараа одговорност и оставка од дополнителниот заменик министер Диме Спасов. Активистот Павле Богоевски на прес-конференција на крстосницата помеѓу улиците Алжирска и Багдадска во Тафталиџе во Скопје, каде што се случи сообраќајната несреќа во која учествуваше Спасов, изјави дека тој постапил на начин кој не му доликува на висок државен функционер.

Тој истакна и дека повторно на дело се видела и пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ која смислила нова лага за одбрана на Спасов. Богоевски, кој беше дел од Шарената револуција, порача дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата кои му помогнале да го прикрие делото.

Влатко Васиљ го повика МВР целосно да го расветли случајот и со тоа да ја врати довербата на граѓаните во институцијата.

XS
SM
MD
LG