Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Диме Спасов


Дополнителниот заменик-министер Диме Спасов

ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на СДСМ во врска со дополнителниот заменик-министер Диме Спасов реагира дека опозициската партија е инфериорна кога станува збор за соочување со вистинските проблеми и грижи на граѓаните.

Според владејачката партија, СДСМ нема што да им понуди на граѓаните и затоа централната тема на 40 дена пред избори им е, како што наведуваат, сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека во СДСМ не ги интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки.

XS
SM
MD
LG