Достапни линкови

СЈО ги одземало сите податоци од УБК


Прес конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителките Ленче Ристoска, Катица Јанева и Фатиме Фетаи.

Од СЈО соопштија дека во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, било извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Одземените податоци, како што наведуваат од обвинителството, ќе бидат предмет на анализа и нивните наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста.

Сакаме да појасниме дека спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт беше овозможено од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции беа дадени и од Министерот за внатрешни работи, пишува во соопштението на СЈО.

Од СЈО појаснуваат дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не се во можност да обезбедат дополнителни информации.


XS
SM
MD
LG