Достапни линкови

Многу земји на ЕУ против квотите за прием на мигранти


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека многу земји членки на ЕУ се противат на задолжителните квоти за прием на мигранти и бегалци кои се наоѓаат во земјите кои се преоптоварени од бегалската криза. Туск оцени дека немало ентузијазам во врска со ова прашање, но оти членките би требало да ја покажат целата нивна солидарност и да направат се што можат за да помогнат. ЕУ во минатата година усвои одлука за распределба на 160 илјади баратели на азил кои стигнаа во Европа и во најголем број се наоѓаат во Италија и Грција. Но, досега само околу 6 илјади се преместени во други држави.

XS
SM
MD
LG