Достапни линкови

Крај на финансиската помош на ЕУ за Западен Балкан?


Помошта на ЕУ за Балканот попречувана од локалните власти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Помошта на ЕУ за Балканот попречувана од локалните власти

Помошта на Европската унија за земјите од Западен Балкан кои се надеваат дека ќе станат членки на Унијата е попречувана од „значителни недостатоци“ во националните влади. Ова во својот најнов извештај го оценува Европскиот ревизорски суд, тело кое ги контролира финансиите на Европската унија.

Во извештајот се прецизира дека станува збор за „слаб административен капацитет“ и за „недостиг на политичка волја за реформи на институциите“ во некои земји.

Затоа Судот предлага намалување или запирање на финасирањето за да ги охрабри властите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да дејствуваат во согласност со барањата.

Во извештајот се додава дека Западен Балкан од 2007 до 2014 година добил 5 милијарди и 100 милиони евра како дел одпретпристапна помош на Европската комисија и оти овие средства во голема мера биле ефикасни, но и тоа дека имало извесни попречувања предизвикани од недостатоците кај локалните власти.

„Европската комисија треба систематски да ги применува и да ги следи строгите услови“, наведува членот на Европскиот ревизорски суд Шаболч Фазакаш, додавајќи дека доколку е неопходно идните плаќања би можело да бидат намалени или прекинати.

Ревизијата утврди дека во земјите од Западен Балкан релативно малку се инвестирало во областа на реформите во судството, слободата на медиумите и мерките за справување со корупцијата и организираниот криминал.

Во извештајот се прецизира дека проектот финансиран од Европската унија за борба против корупцијата во Албанија се соочилсо недостиг на средства и персонал и не бил независен од владата.

„Ако луѓето за борба против корупцијата во одредена земја не се независни, тогаш тоа е бескорисно“, оценува ревизорскиот тим.

Организација за борба против корупцијата „Транспаренси интернешнал“ ги рангира Албанија и Косово на 88, односно на 103-то место, во својот годишен индекс на глобалната перцепција на корупцијата.

Фазакаш прецизира дека повеќе средства оделе за инфраструктурни проекти од за таканаречените проекти за владеење на правото.

„Поубаво да се има мост,пат или градинка, а потоа да се стави европското знаме на него и да каже: Ова е спонзорирано од Европа. Нивната главна цел е да имаат видливи резултати“, вели Фазакаш.

Тој предупреди дека политичкиот дијалог со ЕУ треба да се фокусира врз реформите во судството, така што земјите од Западен Балкан да не бидат зафатени со корупција и организиран криминал до моментот на нивното пристапување во Унијата.

Европската унија ја отфрли можноста за натамошното проширување пред 2020 година.

Преговорите за членство веќе ги почнаа Србија и Црна Гора, но се уште не се во тек за Албанија и Македонија. На Босна и Косово им се ветени изгледи за членство кога ќе бидат подготеи за тоа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG