Достапни линкови

Шарена артилерија врз Воинот на коњ


Шарената револуција упадна во фонтаната под Воинот на коњ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Шарената револуција упадна во фонтаната под Воинот на коњ

Шарената револуција денеска беше фокусирана против полициското гонење на луѓе кои учествуваат на протестите. Полицијата претходно поднесе кривични пријави за демонстранти кои, според МВР, боеле културно наследство. Ниту пријавите, ниту дождот не ги спречи повторно да ги бојосаат Воинот на коњ, Владата и Собранието.

Демонстрантите од Шарената револуција упаднаа во фонтаната под Воинот на коњ и со пиштолите на вода наполнети со боја го обоија столбот на кој е поставен споменикот, а ги обоија и лавовите. Дождот и грмотевиците не ги спречија и денеска шарената артилерија да ја испразнат врз спомениците од контроверзниот проект Скопје 2014. Тие претходно со помош на големите чатали повторно ја обоија зградата на Владата, а чаталите беа искористени и за боење на фасадата на Собранието.

Тука сме сите заедно – Албанци, Македонци, Срби, Роми... и ништо не нè плаши и да ви кажеме дека вашето место е во Шутка, а ние ќе стоиме со исправени глави и ќе бидеме горди на она што го правиме, а тие мајмуни не знам што ќе прават со нивните глави.
Исмаил Малиќи, граѓански активист.

Неколку илјади демонстранти со паролата „Кривиот пишува кривични“ и вечерва протестираа против политиките на власта. Тие денеска беа фокусирани против полициското гонење на луѓе кои учествуваат на протестите. Полицијата денеска поднесе кривични пријави против демонстрантити од Скопје, Битола и од Охрид.“ Тие се товарат дека фрлале балони со боја кон Министерство за култура, кое, како што се вели е значајно културно наследство. Потоа ја обоиле и „Порта Македонија“, за која во полициското соопштение стои дека е недвижно културно наследство-културен споменик, а демонстрантите во Битола добија кривични оти ја боеле општинската зграда. Откако почнаа протестите неколкумина демонстранти завршија во притвор, некои добија парични казни, други условни, а редица истакнати активисти беа повикани во полиција на разговор.

Веќе неколку денови пикапот кој е на чело на демонстрантите го вози претставник на опозицијата, а денеска возач беше претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Активистот Исмаил Малиќи кој денеска добил кривична за учество на протестите, во својот говор пред Собранието им се обрати на Али Ахмети и Мендух Тачи.

„Тука сме сите заедно – Албанци, Македонци, Срби, Роми... и ништо не нè плаши и да ви кажеме дека вашето место е во Шутка, а ние ќе стоиме со исправени глави и ќе бидеме горди на она што го правиме, а тие мајмуни не знам што ќе прават со нивните глави“, порача Малиќи, а неговиот говор, демонстрантите го поздравија со извиците „Мафија на робија“.

Потпретседетелката на СДСМ Фросина Ташевска Ременски, пак, рече дека булеварот пред Влада треба да го носи името „Шарената револуција“.

Протестот, како вообичаено во изминатите месец и половина, почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, за насобраните да изразат поддршка за работата на оваа институција.

Учесниците на протестите меѓу другото бараат целосно повлекување на политичките помилувања, оставка од претседателот Ѓорге Иванов и формирање техничка влада која треба да создаде услови за фер и демократски избори.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG