Достапни линкови

Уставниот суд против сите


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Претседателот ќе може да помилува осуденици за изборен криминал, педофилија, силување, трговија со дрога, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право во кои спаѓаат и геноцид и воени злосторства.

Со укинување на измените на Законот за помилување се нарушува легитимитетот на институциите, особено на Судот, тврдат правните аналитичари. Со можното укинување на овие измени донесени во 2009-та година, на претседателот на државата ќе му се овозможи да помилува осуденици кои се казнети од други држави, а се македонски државјани и казната ја издржуваат во Македонија. Што би значело дека и за убиство или за финансиски криминал направен во друга држава ако казната ја одлежува во земјава ќе може да бидат помилувани.

Ова дополнувањето што е правено, таму е кажано во кои случаи претседателот не може да врши помилување, што значи дека рамката ја утврдува законодавецот, според тоа мене ми е крајно сомнително ова што Уставниот суд може да оспорува затоа што тука нема неуставност на закон.
Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд.

Архивска фотографија - Седница на Уставен суд.
Архивска фотографија - Седница на Уставен суд.

​Претседателот ќе може да помилува осуденици за изборен криминал, педофилија, силување, трговија со дрога, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право во кои спаѓаат и геноцид и воени злосторства.

Во објаснувањето на измените на Законот за помилување од 2009 -та година, е наведено дека ограничувањето на кривичните дела кои не треба да подлежат на помилување се прави поради превенција од повторување на делата во иднина.

Според решението објавено на интернет страната на Уставниот суд помилувањето е неприкосновено и законско право на претседателот кој може да го користи и поради политички, здравствени и социјални причини со што немало да навлезе во правната оценка на Судот.

Во продолжение е наведено дека оспорениот Закон содржи одредби со кои се повредува темелната вредност на уставниот поредок поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска.

„Според Судот, ограничувањето на правото за давање на помилување на претседателот на Републиката, значи навлегување во неговата уставна надлежност од страна на законодавецот. Доколку би се прифатила можноста законодавецот да има вакво право, се поставува прашањето, која би била границата и критериумот за такво ограничување и дали на ваков начин би се изгубила смислата на уставниот институт помилување кој би зависел од перцепцијата на законодавецот и одредени појави во одредено време во општеството,“ е наведено во решението од Уставниот суд.

Со ваквите квалификации не се согласува поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

„Ова дополнувањето што е правено, таму е кажано во кои случаи претседателот не може да врши помилување, што значи дека рамката ја утврдува законодавецот, според тоа мене ми е крајно сомнително ова што Уставниот суд може да оспорува затоа што тука нема неуставност на закон.“

Прашањето за правото на помилување се актуализираше во период кога Специјалното јавно обвинителство покрена предистражна постапка за изборен криминал за кои главни осомничени се поранешните министри за транспорт и внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски кои се во врвот на владејачката партија.

Против укинување на измените на Законот за помилување досега јавно се изјаснија опозициската СДСМ и министерот за правда Аднан Јашари.

„Сметам дека законот за помилување не е во спротивност со уставот на РМ, ниту мислам дека има потреба од евентуални измени и дополнувања и се надевам дека законот за помилување нема да се измени ниту дополни“, вели Јашари во изјава за ТВ 24.

А индиректнотоа го стори и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјавувајќи дека не го сменил својот став од 2009-та година.

„Тоа е истиот став што го имав во 2009-та година, ќе може да го најдете во вашите архиви“.

Изјавата на тогашниот премиер Груевски на интернет може да се најде само во архивата на некогашната А1 телевизија. Тој тогаш тврдеше дека со ограничувањето на правото на претседателот за помилување ќе ја зајакне борбата против корупцијата.

„Како јас утре ќе ги стопирам министрите да не го прават истото, зборувам во некои идни времиња или некој иден Премиер, да не се договори со Претседателот, да украде 10, 20 милиони и да речат политички беше? Како така политички? Зошто не оставија судот да каже дали било политички или не било?“, прашуваше тогаш Груевски.

Иницијативата со која се разгледува можноста за зголемување на ингеренциите на претседателот со кои ќе може да помилува осуденици за изборен криминал иницираше неколку протести пред Уставниот суд.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG