Достапни линкови

Обама: САД не треба да бидат светски полицаец


Обама: САД не треба да бидат светски полицаец
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Обама: САД не треба да бидат светски полицаец

Американскиот претседател Барак Обама во последното обраќање за Состојбата на нацијата ги пофали економска и воена сила, како и лидерството на неговата земја во светот. Сепак, тој предупреди против обидите Соединетите држави да станат, како што рече, „светски полицаец во опасното менување на поредокот во светот“.

Обама во годишното обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес се обиде да ја разгори и онака вжештената реторика што ја карактеризира кампањата за негов наследник.

„Ако се сомневате во американската посветеност, или мојата во врска со спроведувањето на правдата прашајте го Осама бин Ладен. Можеби ни треба време, но имаме долго сеќавање“, изјави Обама во говорот кој беше можност да ги сумира успесите во неговото досегашно претседавање.

„Знам дека ова е опасно време. Но, тоа не поради намалената американска моќ или пак што не демне некоја супер сила. Во денешниот свет поголема закана ни се пропаднати држави отколку зли империи“, изјави Обама, додавајќи:

„САД се најмоќната земја во светот. Никој не ни е ни блиску. Трошиме повеќе пари за нашата војска од осумте следни држави заедно. Никој не не напаѓа нас или нашите сојузници директно, бидејќи знаат дека тоа е пат да нивно уништување“, рече тој, наведувајќи дека Вашингтон ќе дејствува и сам ако треба за да ги заштити своите граѓани и сојузници.

Знам дека ова е опасно време. Но, тоа не поради намалената американска моќ или пак што не демне некоја супер сила. Во денешниот свет поголема закана ни се пропаднати држави отколку зли империи.
Барак Обама, претседател на САД

„Но, во врска со глобалните закани, ние ќе го мобилизираме светот да работи со нас“, рече тој, наведувајќи го успехот со нуклеарниот договор со Иран.

Тој ги отфрли критиките на републиканците дека Америка станува се послаба на меѓународната сцена и оти треба да покрене голема војна за да ги победи милитантите на Исламската држава.

„Маси борци на пикап камиони и извртени души кои коваат заговори во станови и гаражи претставуваат голема опасност за цивилите и мора да бидат запрени. Но, тие не претставуваат опасност за нашата национална егзистенција“, оцени американскиот претседател, барајќи од Конгресот да одобри резолуција што ќе му овозможи да употреби воена сила против милитантите на Исламската држава.

„Луѓето не гледаат во Москва или во Пекинг за да ги водат, туку тие не бараат нас“, изјави Обама.

Поголемиот дел од 58 минутното обраќање на Барак Обама беше посветен на домашната политика.

Тој оцени дека економското заздравување постигнато за време на неговото претседавање докажува оти Соединетите држави остануваат економски џин.

Обама притоа наведе дека во последниве две години во Соединетите држави биле отворени 14 милиони работни места.

Тој, исто така, се осврна и врз изборната кампања за негов наследник во Белата куќа.

„Демократијата не функционира ако мислиме дека сите луѓе кои не се согласуваат со нас, се мотивирани од злоба, или пак дека нашите противници не се патриоти“, рече тој, додавајќи:

„Една од ретките работи за кои жалам во моето претседателствување е тоа што омразата и сомневањето меѓу партиите се зголемија наместо да се намалат“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG