Достапни линкови

Жално е тоа што се случува по улиците, низ градот


Јована Димушевска, волонтерка во Македонската платформа против сиромаштија.
Јована Димушевска, волонтерка во Македонската платформа против сиромаштија.

Физичкото, психичко, економско и сексуално насилство врз жените и девојките најчесто се случува во брак и во интимна партнерска врска. Ние треба да престанеме да чекаме проблемот да ни се случи лично нам за да реагираме, пишува Јована Димушевска, волонтерка во Македонската платформа против сиромаштија, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во Република Македонија во последните 6 години се случија повеќе од 20 фемициди (убиство на жена затоа што е жена, најчесто извршено од интимен партнер). Жртвите се жени-жртви на семејно или интимно партнерско насилство. Многумина од вас ниту слушнале за проблемот, но да, горката вистина во Македонија е дека секоја трета жена е жртва на некаков вид на партнерско насилство. Додека светот се бори со оваа пандемија, нас во Македонија се чини дека не нè засега додека не ни се случи пред носот.

Насилство врз жените и девојките се јавува во повеќе форми и тоа: физичко, психичко, економско и сексуално. Најчесто се случува во брак и во интимна партнерска врска, и во 20 од 23 случаи е жена, само затоа што е жена.

Насилство врз жените и девојките се јавува во повеќе форми и тоа: физичко, психичко, економско и сексуално. Најчесто се случува во брак и во интимна партнерска врска, и во 20 од 23 случаи е жена, само затоа што е жена. Родовата еднаквост во нашето општество скоро и да не постои. Жените и девојките се изложени на еден куп опасности од секаков вид и тоа секаде. На училиште, во врска, во друштво, на работа, на факултет, на улица, ВО СВОЈОТ ДОМ! Во прашање е културата на општеството, менталитетот. Ние треба да престанеме да чекаме проблемот да ни се случи лично нам за да реагираме. Треба да превенираме за никогаш да не се случи. Како? Со едукација, со добро воспитување, преку позитивни примери.

Жално е тоа што се случува по улиците, низ градот. Вредностите се комплетно изместени. Љубовта и почитта се мислена именка, додека насилството и покажување сила на послабиот е далеку „помодерно“. Додека разговарам со млади од различни возрасти и со различни приказни, честопати доаѓам до негодувања и недоразбирања по прашањето за љубовта и сите пропратни чувства во една врска.

Многумина сè уште мислат, или така им е наметнато, дека на пример, љубомората е слатка. Не бре луѓе, не е. Ако некој те сака и те почитува, ти верува , нема зашто да биде љубоморен/а.( Ова се однесува на двата пола). Ова го пишувам, затоа што најчесто се среќавам со „стопени од љубов“ луѓе коишто штотуку доживеале „немој да искачаш така, нејќам други да те гледаат“. Секогаш им велам, не дај боже да ти се случи стадиум 3 или уште полошо. А што е најчестата последователна ситуација - „мене ли најде да ме лажеш дека си била со другарките!!!“ Па потоа следат забрани за излегување, социјалниот живот сведен на интеракција само со него и со неговите пријатели/ки. Крајниот стадиум е физичкото насилство, односно кога ќе се обиде да те вразуми со шамар, тупаница, скршено ребро или некоја слична потешка физичка повреда.

Најчудно од сè е дека ова се случува во врска, помеѓу момче и девојка. Според мене е жално, ситуацијата е застрашувачка и алармантна, а за проблемот никој не зборува. Во нашето општество е табу тема. Никој не признава, никој не пријавува, секоја девојка мисли дека може да се справи сама, а додека трепнала веќе влегла во барабанот и од таму многу тешко се излегува.

Потребно ни е отварање на оваа тема, да се зборува јавно, јасно и гласно, да можат да чујат сите. Потребна ни е едукација на младите и тоа не само неформално, туку и формална, во училиштата и во семејството. Во изминатиот период се случи кампањата „16 дена активизам“ иницирана и поддржана од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство. Беа одржани повеќе средби, предавања, работилници, па и неколку јавни настани, сè со цел да се привлече вниманието на јавноста и на креаторите на политики во Македонија. Власта, како и секоја година, остана нема, но верувам дека некои од настаните допреа барем до дел од граѓаните. Верувам, затоа што само тоа ни остана. Да се надеваме дека идните генерации ќе ги спречат ваквиот тип на осквернавување на жените и девојките. За да го искорениме овој проблем, треба да почнеме со едуцирање на младите по прашањата за родовата демократија и еднаквост.

Волонтеризмот, којшто е сè уште во развојна фаза во Македонија, сметам дека ќе потпомогне во промената. Волонтирањето во женски организации или која било друга граѓанска организација, ниту е срамота, ниту е искористување. Волонтирањето нуди бесплатна едукација. Постојано се поттикнуваат младите да бидат дел од некоја организација која работи на полето на нивен интерес и да дознаат повеќе. Тука нема ништо погрешно, ништо незаконско. Се отвораат нови хоризонти, се споделуваат мислења. Се трудиме да им дадеме шанса на луѓето пред да завладеат предрасудите и стереотипите.

XS
SM
MD
LG