Достапни линкови

Путин: Турција ја штити трговијата со нафта со ИД


Путин: Турција ја штити трговијата со нафта со ИД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Путин: Турција ја штити трговијата со нафта со ИД

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Турција дека соборувањето на рускиот борбен авион било со цел да ја заштити трговијата со нафта што ја имала со милитантите на Исламската држава. Ваквите наводи, според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, биле „обична клевета“.

Владимир Путин на маргините на Париската конференција за климатски промени оцени дека одлуката за соборување на авионот била „голема грешка“.

„Сега примивме дополнителна информација со која за жал се потврдува дека од местото каде што се произведува нафта и кое е под контрола на милитантите на Исламската држава и на други терористички организации се пренесува нафта во Турција. Затоа имаме секаква причина да веруваме дека одлуката за соборување на нашиот авион била донесена со желба да се обезбеди сигурност на оваа рута до турската територија“, рече Путин.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводите дека Турција се снабдува со нафта од милитантите на Исламската држава ги нарече клевета.

Сега примивме дополнителна информација со која за жал се потврдува дека од местото каде што се произведува нафта и кое е под контрола на милитантите на Исламската држава и на други терористички организации се пренесува нафта во Турција. Затоа имаме секаква причина да веруваме дека одлуката за соборување на нашиот авион била донесена со желба да се обезбеди сигурност на оваа рута до турската територија.
Владимир Путин, претседател на Русија.

Тој додаде дека неговата влада ќе делува „трпеливо, а не емотивно“ пред да преземе какви било мерки како одговор на одлуката на Русија за воведување санкции кон неговата земја.

„Турција се обидува да обезбеди врските со Русија, нејзиниот главен снабдувач со енергија, да не бидат целосно прекинати“, рече Ердоган на маргините на Конференцијата на ОН за климатски промени во Париз.

Москва претходно најави дека ќе го забрани увозот, пред се на земјоделски производи, од Турција по минатонеделното турско соборување на рускиот воен авион над сириската граница.

Анкара тврди дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор што Русија негира.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека доказите покажувале оти рускиот борбен авион го нарушил турскиот воздушен простор.

Тоа го изјави и американскиот амбасадор во НАТО Даглас Лут.

„Американските податоци кои ги имам видено се во согласност со турската верзија на настанот. Рускиот авион бил во Турција и таму бил пресретнат. Неколку пати бил предупредуван и не било по прв пат што руски авиони го нарушувале турскиот воздушен простор“, рече Лут.

Инаку, на маргините на Парискиот самит, претседателите Барак Обама и Владимир Путин имале 30 минутен разговор, еден од неколкуте директни конверзации меѓу двајцата лидери од избувнувањето на украинската криза во почетокот на 2014 година.

Белата куќа соопшти дека Обама побарал од Путин да ги смири тензиите со Турција и оти изразил жалење за загинатиот руски пилот.

Притоа било оценето дека ваквите инциденти се опасни и непожелни.

Кремљ потврди дека Путин и Обама разговарале за политичко решавање на конфликтот во Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG