Достапни линкови

САД - Русија: „Судир и соработка“


САД - Русија, спротивни ставови и соработка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

САД - Русија, спротивни ставови и соработка

Претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, се судрија околу Сирија и Украина. Односите, како што беше речено од страна на Путин, се на ниско ниво, но двете земји ќе бараат политичко решение за Сирија и ќе организираат средби на воени претставници за избегнување несакани судири.

Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, можеби се критикуваа за време на нивните говори во Генералното собрание на ОН, но тие не заборавија на добрите манири за време на ручекот организиран од првиот човек на Светската Организација Бан Ки-мун, така што културно си наздравија со чашка вино. Како што пренесува Баз фид, имено, Бан Ки-мун рекол дека ништо не се споредува со бесплатен ручек, притоа ургирајќи лидерите да се вратат во своите земји и да работат на развојните цели кои беа усвоени во петокот.

Нејсе, Обама и Путин во нивните говори во ОН се судрија околу Сирија и Украина, а потоа одржаа и билатерална средба на маргините на Генералното собрание во Њујорк.

На билатералната средба разговарале 90 минути за Сирија, Ирак и Украина. Путин не го сменил мислењето за не испраќање копнени руски трупи во Сирија за да се борат против милитантната Исламска држава.

Ние одбиваме било какво распоредување на копнени сили во Сирија и не разговараме за тоа.

Рускиот претседател Владимир

Ние одбиваме било какво распоредување на копнени сили во Сирија и не разговараме за тоа

​Путин, сепак рекол дека е отворен за придружување кон воздушна кампања против милитантната група. Путин не отстапи од својот став дека силите на сирискиот претседател Башар ал Асад треба да ја преземат водечката улога во копнената војна против милитантите на Исламската држава. Секоја одлука за повлекување на Асад мора да е донесена од страна на сирискиот народ, додаде Путин.

За време на средбата, Путин и Обама се согласиле за наоѓање политичко решение за Сирија, како и за одржување разговори меѓу воени претставници на двете земји за да се избегнат несакани судири, соопшти американски официјален претставник.

Обама претходно во говорот на Генералното собрание на ОН, алудирајќи на Москва, рече дека некои големи сили се однесуваат на начини на кои го кршат меѓународното право и ги еродираат демократските принципи и човековите права.

Путин, пак, рече дека Русија, како и претседателот на Советот за безбедност на ОН, ќе бара согласност за резолуција со цел координирање на акциите на сите сили кои се соочуваат со екстремистите во Сирија.

Обама и Путин исто така се судрија и околу руската анексија на Крим истакнувајќи ги разликите околу ситуацијата во источна Украина.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG