Достапни линкови

Коренити промени на политиката за поголем економски раст


Илустрација.
Илустрација.

Македонија може да постигне континуирани стапки на раст од над 6 отсто годишно, кои ќе влијаат на подобрување на животниот стандард, само со коренити промени на економската политика, велат економистите.

На Македонија и е потребен економски раст од најмалку шест отсто годишно неколку години по ред, за граѓаните да може да почувствуваат подобрување на животниот стандард, постојано повторуваат економските аналитичари. Сепак, прашање е дали земјава може да постигне толкави стапки на раст во ваква ситуација и дополнително, како да се стигне до толкав континуиран раст.

Треба да се фокусираме на развој на одредени економски сектори. Кон тоа да целиме прво да ги освоиме регионалните пазари, па после да се насочиме кон европските пазари, затоа што за жал ние сè уште немаме доволен капацитет којшто би ни овозможил освојување на некои поголеми пазари.
Арбен Халили, економски аналитичар.

Други економисти, пак, спорат со тоа дека бројките не мора ништо да значат, затоа што со зголемувањето на трошењата на владата, автоматски расте и БДП-то, но ако тие пари се потрошени на непродуктивни работи, тоа нема долгорочно да влијае на економијата. Трети, пак, потсетуваат дека колкав и да е растот, граѓаните нема да видат никакво фајде, ако тој не е рамномерно распореден, односно ако се однесува само на мала група луѓе.

Економскиот аналитичар Арбен Халили вели дека Македонија може да постигне стапки на раст од над 6 отсто годишно, но мора да има сериозна стратегија за тоа и намалување на непродуктивните трошоци.

Јас сметам дека Република Македонија, во политичката ситуација во којашто се наоѓа во изминатите 7-8 години, кога е запрен патот кон ЕУ и НАТО, дека не може да ги постигне посакуваните стапки на раст. Основниот предуслов за постигнување на посакуваниот економски раст раст е приклучување на Македонија во ЕУ.
Слободан Најдовски, поранешен пратеник.

„Треба да се фокусираме на развој на одредени економски сектори. Кон тоа да целиме прво да ги освоиме регионалните пазари, па после да се насочиме кон европските пазари, затоа што за жал ние сè уште немаме доволен капацитет којшто би ни овозможил освојување на некои поголеми пазари и трето, ако не успееме како земја да го зацврстиме економскиот сектор и домашните компании да бидат спремни за поголем пазар, утредента кога ќе се случи да влеземе во ЕУ први кои ќе пропаднат ќе бидат токму овие компании, коишто за жал, таргетирајќи некои поголеми пазари, не сме биле во состојба да ги спремиме за опстојување на регионалните пазари“, вели Халили.

Поранешниот пратеник Слободан Најдовски вели дека за постигнување толкави стапки на економски раст се потребни коренити промени на економската политика на државата. Потребно е поттикнување на домашното инвестирање, привлекување долгорочни странски инвестиции, прекин на непродуктивните трошења и зголемени инвестиции во инфраструктурата, вели тој.

„Јас сметам дека Република Македонија, во политичката ситуација во којашто се наоѓа во изминатите 7-8 години, кога е запрен патот кон ЕУ и НАТО, дека не може да ги постигне посакуваните стапки на раст. Основниот предуслов за постигнување на посакуваниот економски раст раст е приклучување на Македонија во ЕУ“, вели Најдовски.

Државниот завод за статистика објави дека економскиот раст во второто тримесечје оваа година бил 2,6 отсто. Растот во првиот квартал беше 3,2 отсто. Владата за годинава планираше економски раст од 4 отсто, но со ребалансот на буџетот ги намали очекувањата на 3,5 отсто.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG