Достапни линкови

Очај и гнев меѓу бегалците од Сирија


Очај и гнев меѓу бегалците од Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Очај и гнев меѓу бегалците од Сирија

Конфликтите на Блискиот Исток и во Африка принудија милиони луѓе да ги напуштат нивните домови и да побараат безбедност и подобар живот во други земји. Најмногу ги има од Сирија кои најпрвин спас бараат во соседните држави каде што, според податоците на Обединетите нации, наскоро ќе ги има над 4 милиони.

Ум Ахмед која со семејството, по смртта на нејзиниот сопруг, ја напушти Сирија и сега е во Јордан е загрижена за иднината на нејзините деца не само поради траумите што ги имаат од борбите во Сирија, но и поради тешките услови за живот како бегалци.

Откако една година со нејзините деца живела во неколку бегалски логори таа успеала да најми стан во јорданскиот главен град Аман.

Тие главно живеат од меѓународна помош, но последните кратења на програмата за помош на Обединетите нации им донесе вистинска криза.

Станува збор за најголема хуманитарна трагедија досега и треба да сториме повеќе за да им помогнеме на бегалците.
Ендрју Харпер, претставник на Обединетите нации во Јордан.

„Обединетите нации ни даваат по 100 динари и бонови за храна од околу 80 динари секој месец. Сега почнаа да ни даваат по 40 динари за храна. Ако ни ги откажат боновите не ќе можеме да купуваме храна, бидејќи со стоте динари плаќаме кирија за станот“, вели Ахмед.

Таа наведува дека нејзиниот најстар син кој има 15 години веќе почнал да работи за да му помогне на семејството.

„Но, тој не може да се снајде во овие тешки услови. Кога беше во Сирија имаше своја соба и живееше слободно. Но, тука се му изгледа поинаку и поднесува потешко. Многу ме загрижува бидејќи гледам дека почнува да има и некакви ментални проблеми. Неговата личност се смени“, со страхување вели Ум Ахмед, додавајќи дека ако неговата здравствена состојба се влоши тоа многу лошо ќе се одрази врз семејството. Сега и нејзиниот помал син го напуштил училиштето за да најде работа.

Со слична судбина се соочуваат и 630 илјади сириски бегалци кои сега живеат во Јордан.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации скоро 86 насто од нив живеат во сиромаштија и со помош од нешто над 3 долари на ден.

Ситуацијата ќе се влошува, бидејќи поради интензивирањето на борбите меѓу разните фракции, владините сили и милитантите на Исламската држава се очекува бројот на бегалците од Сирија да се зголемува.

Според Обединетите нации, до крајот на годинава во соседните земји на Сирија, како Јордан, Либан, Египет и Турција ќе имало над 4 милиони бегалци.

Токму поради очајната ситуација некои веќе размислувале повторно да се вратат во нивните домови во Сирија без оглед на тоа што се случува таму и што во самата земја има над 7 милиони расселени луѓе.

Но, има и такви кои единствениот спас го гледаат како азиланти во Европа.

Досега околу 270 илјади сиријци побарале азил во развиените европски земји.

„Станува збор за најголема хуманитарна трагедија досега и треба да сториме повеќе за да им помогнеме на бегалците“, вели претставникот на Обединетите нации во Јордан Ендрју Харпер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG