Достапни линкови

ФИФА, корупцискиот скандал и спонзорите


ФИФА, корупцискиот скандал и спонзорите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

ФИФА, корупцискиот скандал и спонзорите

Сеп Блатер влезе во денешната трка за повторен избор за претседател на ФИФА со уверување дека единствено тој може да ја исчисти Светската фудбалска федерација од корупција. Апсења на неколкумина функционери на ФИФА предизвика загриженост кај главните спонзори.

Најголемата компанија за кредитни и платежни картички „Виза инкорпорејшн“ се закани дека ќе го прекине спонзорството доколку ФИФА не преземе итни чекори за справување со корупцискиот скандал.

Во соопштението се бара од ФИФА да ја обнови културата на силна етичка практика со цел да се врати репутацијата во фудбалот.

Ова беше најострото предупредување од спонзорите кои се загрижени од скандалот во кои се вовлечени највисоките органи на телото кое раководи со најпопуларниот спорт во светот.

„Ова навистина е непријатна ситуација бидејќи тоа е најлошо чувана спортска тајна. Сите знаеја дека нешто се случува. Но пазарите и спонзорите треба да стигнат до навивачите. Нема начин да се заобиколи проблемот“, вели Ален Адамсон, рекламен советник.

Непријатно е, бидејќи потрошувачите не можат да чекаат додека не се реши скандалот. Но, за жал, тоа не ќе оди премногу брзо. Правните истраги се одолговлекуваат. Ова што се случува нема да исчезне во 30 секунди. Ова игра ќе трае долго.
Алан Адамсон, рекламен советник

Американското обвинителство деновиве издаде обвинение за деветмина функционери на ФИФА за примање поткуп од 150 милиони долари во изминативе 24 години.

Ваквите скандали претставуваат своевидна закана и за спортските спонзори. Најдолготрајни спонзори на ФИФА се Адидас и Кока Кола.

Адидас е провајдер на фудбалската топка со која се играат Светските првенства уште од 1970 година и партнерството треба да трае до 2030 година.

Партнерството со Кока Кола чии реклами се на фудбалските стадиони од 50 години на минатиот век, според договорот, е до 2022 година.

Можеби тоа објаснува зошто тие не се заканија така отворено како Виза која стана партнер на ФИФА пред осум години.

„Финансискиот ризик постои, бидејќи нема полесен начин да се дојде до милиони фанови низ целиот свет. Навивачите немаат проблем со играта. Тие имаат проблем со организацијата и затоа спонзорите сакаат да се дистанцираат малку од неа“, вели Адамсон.

Тој како пример наведува дека по објавувањето на скандалот акциите на Адидас паднале за еден ипол насто.

Во меѓувреме, фирмата Најк кој не е партнер на ФИФА, но е голем конкурент на Адидас во спонзорирањето на фудбалските тимови соопшти дека соработувал со ФИФА откако индиректно беше посочена во американското обвинување.

„Непријатно е, бидејќи потрошувачите не можат да чекаат додека не се реши скандалот. Но, за жал, тоа не ќе оди премногу брзо. Правните истраги се одолговлекуваат. Ова што се случува нема да исчезне во 30 секунди. Ова игра ќе трае долго“,

заклучува Ален Адамсон, наведувајќи дека фирмите сега треба да балансираат и да внимаваат не само како да продадат што повеќе производи, туку и како да ја продолжат соработката со една голема организација како ФИФА.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG