Достапни линкови

Да се избегне натамошна ескалација


Да се избегне натамошна ескалација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Да се избегне натамошна ескалација

Ова е основната порака што светските новински агенции ја нагласуваат од многубројните реакции на меѓународните фактори по акцијата на македонската полиција во Куманово во која загинаа дваесетина луѓе. Притоа се пренесува и нивната оценка дека вооружената група во Куманово била „изолиран феномен“.

Новинската агенција Асошиетед прес цитирајќи дел од обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов по седницата на Советот за национална безбедност во кое тој наведува дека полицијата спречила координиран терористички напад врз различни локации во земјата со цел да предизвикаат сериозна дестабилизација, хаос и страв, ја пренесува пораката од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека мора да биде спречена натамошна ескалација, бидејќи тоа е во интерес на стабилноста на земјата.

Исто така се наведува и заедничката изјава на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на амбасадата на САД во Скопје во кое се наведува дека вооружената група во Куманово била изолиран случај.

„Се надеваме дека ова ќе биде моментот во кој лидерите на земјата заеднички ќе се ангажираат во дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја и долготрајната политичка криза и неопходните реформи“, издвојува агенцијата Асошиетед прес дел од изјавата на странските мисии во Скопје.

Се надеваме дека ова ќе биде моментот во кој лидерите на земјата заеднички ќе се ангажираат во дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја и долготрајната политичка криза и неопходните реформи.
изјава на мисиите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО во Скопје

Агенцијата Ројтерс освен оваа изјава ја пренесува и реакцијата на генералниот секретар Јенс Столтенберг кој повикува на смиреност и на „транспарентна истрага за да се утврди што се случило“.

Конзервативниот премиер Никола Груевски чие деветгодишно владеење е под закана од обвинувањата за нелегално прислушување и за злоупотреба на власта од страна на опозицискиот лидер сугерираше дека убиените лица во Куманово се бореле на Блискиот Исток, пишува оваа агенција која потсетува дека експлозиите и рафалите во Куманово во текот на саботата и неделата потсетиле на судирите во Македонија во 2001 година.

„Тогаш, НАТО посредуваше за мировен договор по што дел од етничките албански герилци влегоа во владата. Но тензиите остануваат, подгреани од сиромаштија, изолација и замрзнатиот пат кон интеграциите со Западот“, наведува Ројтерс, додавајќи дека тоа било поради долгорочниот спор со Грција околу името.

Новинската агенција Франс прес ги пренесува пораките на Европската унија и на НАТО кои предупредуваат на опасноста од ескалирање на насилството во, како што се наведува, дел од земјата кој беше зафатен со албански бунт во 2001 година.

„Потсетувајќи се на минатиот бунт и на војните за време на распаѓањето на поранешна Југославија, претставниците на Европската унија се особено заинтересирани да спречат повторно избувнување на етничко насилство во срцето на континентот“.

Франс прес потсетува дека „насилството во Куманово избувна во услови на политички тензии во Македонија каде што владата е обвинета од опозицијата за прислушување и корупција што предизвика загриженост во Унијата дека Скопје се надева на членство.

„Најдете начин да ја деблокирате евроатланската интеграцијаза доброто и на Македонија на целиот регион“, ја цитира Франс прес изјавата на претседателот Ѓорге Иванов.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG