Достапни линкови

Петмина загинати полицајци


РСЕ во кумановската Дива Населба
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

РСЕ во кумановската Дива Населба

Петмина загинати полицајци и над 30 повредени е билансот од полициската акција во Куманово, соопшти министерката Гордана Јанкулоска. Од МВР немаат информации за цивилни жртви. Експлозии и истрели одекнуваа цел ден од кумановска Дива населба. Полицијата од рано утринава води жестоки улични борби со вооружена група.

Петмина полициски специјалци загинале, а повеќе од 30 се повредени во денешната полициска акција против вооружена терористички група во Куманово, соопшти вечерва министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Загинати се 33-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце и 32-годишниот Сашо Самоиловски од Брвеница и уште двајца припадници на полицијата чии семејства вечерва ќе бидат известени.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи .

Загинати се 33-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце и 32-годишниот Сашо Самоиловски од Брвеница и уште двајца припадници на полицијата чии семејства вечерва ќе бидат известени, се петтемина загинати во денешната полициска операција.

Јанкулоска рече дека досега нема информации за загинати цивили и оти има загинати терористи, но не го знаат точниот број. Јанкулоска рече дека шестмина полицајци биле погодени во последниот час при чистењето на теренот, откако голем дел од терористите околу 18 часот безусловно се предале. Таа најави дека операцијата ќе продолжи сè додека не се сигурни дека и последниот терорист е неутрализиран.

Јанкулоска рече дека се работи за исклучително опасна терористичка организација која била закана за државните институции, но и за мирот и стабилноста на земјата, но рече дека во овој момент не би шпекулирала за мотивите на групата. Таа рече дека вооружената група сакала да го искористи моментот во кој се наоѓа државата и сакала да изврши напади врз државни институции. Напаѓачите користеле автоматско оружје, бомби и снајпери. Јанкулоска рече дека тие биле од Македонија и од една соседна држава.

Таа рече дека ова што се случува во Куманово е премногу сериозно за користење за политички цели и ги повика партиите да се воздржат од провокации. Од МВР објаснуваат дека акцијата започнала околу 5 часот утрово, но наишле на жесток оган, по што како што велат, одговориле внимателно и соодветно на ситуација.

Експлозии и престрелки во Куманово

Во 15 за 5 почна пукањето од озгора и не смееме да ислеземе. Еве катанец и ланец на портата. Внуците ги однесов кај сватот, само јас жената и синот сме тука. Пазете се деца, не одете натаму.
жител на Куманово.

Експлозии и истрели одекнуваат цел ден од кумановска Дива населба. Полицијата од рано утринава води жестоки улични борби со вооружена група, која, како што соопштуваат властите, се уфрлила од една соседна држава. Жителите од околината уплашени не излегуваат надвор. Тишината по улиците околу кумановската Дива населба денеска ја нарушуваа експлозии и истрели. Над населбата се дига црн чад, се забележат хеликоптери и постојано се слушаше зуење од беспилотно летало.

Пристапот до местото на акцијата беше блокиран од полициски транспортери и хермелини. Околните улички беа празни. Жителите ѕиркаат од балконите и низ капиите на дворовите. Велат дека рано утринава биле разбудени од истрели и експлозии и дека се уплашени. Жените и децата ги испратиле кај роднини и пријатели во други делови од градот. Детонациите доаѓаа само од две три улички понатаму.

„Во 15 за 5 почна пукањето од озгора и не смееме да ислеземе. Еве катанец и ланец на портата. Внуците ги однесов кај сватот, само јас жената и синот сме тука. Пазете се деца, не одете натаму“, вели еден жител кои ни рече дека од полицијата бил советуван да ја затвори капијата и оти специјалците ги претресуваат околните куќи.

На една од уличките во близина десетина мажи со скепса ја коментираат ситуација.

Се знае дека е монтажа, милион посто монтажа. Никола Груевски прави монтажа на Албанци, ама не бива тоа. Не Гошинце, не 40 души, не ова, не она. Како може Албанци 50 души да има таму горе, нема шанси.
жител на Куманово.

„Повеќе на претстава ми личи на мене. Еве ништо, јас сум Албанец, еве они се Македонци и пиевме кафе од сабајле, а гледате дека продавниците се затворени“, вели еден жител од улицата позната како Мини маркет.

Специјалци и амбуланти возила се распоредени на кумановските булевари. Група Албанци се собираат на улиците и тврдат дека се работи за монтиран случај.

„Се знае дека е монтажа, милион посто монтажа. Никола Груевски прави монтажа на Албанци, ама не бива тоа. Не Гошинце, не 40 души, не ова, не она. Како може Албанци 50 души да има таму горе, нема шанси“, велат насобраните граѓани.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, на денешната прес-конференција рече дека полициските специјалци околу пет часот изутрината почнале акција за откривање и разбивање на вооружена терористичка група, која според нивните оперативни сознанија имала за цел организирање напади врз државни институции.

Информациите до коишто дојдовме деновиве укажуваат на тоа дека групата влегла илегално во Република Македонија од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила и утврдила подготвувајќи се за идните терористички напади. Надлежните служби во Министерството успеаја да ја лоцираат во кумановската Дива населба, односно во неколку куќи во населбата. Сознанијата говореа дека станува збор за група која е добро вооружена и обучена за борба во вакви услови.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

„Информациите до коишто дојдовме деновиве укажуваат на тоа дека групата влегла илегално во Република Македонија од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила и утврдила подготвувајќи се за идните терористички напади. Надлежните служби во Министерството успеаја да ја лоцираат во кумановската Дива населба, односно во неколку куќи во населбата. Сознанијата говореа дека станува збор за група која е добро вооружена и обучена за борба во вакви услови“, рече Котевски.

Тој рече дека полицијата наишла на жесток отпор од терористите кои користеле автоматско оружје, бомби и снајпери. Полицијата напредува тактички и врши претреси во околните куќи.

Котевски рече дека поради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали и најави целосна информација за преземените мерки за подоцна.

Претседателот Ѓорге Иванов ја прекина својата работна посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот Кабинет. Оттаму најавуваат дека ќе биде свикан и Советот за безбедност, по последните случувања во Куманово.

ДПА, ДУИ и Демократскиот сојуз апелираат на смиреност. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, повика на смиреност и ги повика премиерот Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети да објаснат што се случува.

„Црното сценарио нема да успее. Граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио“, рече Заев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, на денешната прес-конференција во партиското седиште рече дека во Куманово има терористичка група од 40 припадници за што се информирани соседите и меѓународната заедница. Тој додава дека имињата на дел од учесниците во денешниот инцидент се совпаѓаат со тие од претходниот инцидент во Гошинце. Според Милошоски, ова што се случува е сценарио и обид за дестабилизација на државата. Милошоски истакна дека меѓу полицајците има Македонци и Албанци. Тој апелира до сите партии да се однесуваат одговорно и повика на единство.

САД и ЕУ повикуваат на смиреност и утврдување на фактите. Амбасадата на САД изрази жалење за „загубите на човечки животи“, а Делегацијата на ЕУ во Скопје изрази надеж дека ќе се избегне ескалација на тензиите. Мисијата на ОБСЕ исто така упати повик за смиреност и воздржаност и соопшти дека во моментов итен приоритет е да се спречи ескалација која би довела до повеќе насилство.

Косово соопшти дека со загриженост за следи ситуацијата, а Србија за јасили безбедноста на границата кон Македонија. Албанија ги осуди насилствата и апелира на смиреност и воздржаност.

Руското МНР исто така изрази загриженост за ситуацијата во Куманово и изрази надеж дека состојбата ќе се нормализира. Во соопштението се изразува загриженост и за протестите во изминатите неколку денови, и се оценува дека постапките на безбедносните сили обезбедиле да се избегне ескалација на насилство. Според Москва, протестите се дел од обиди на невладини организации поттикнати од западните земји да предизвикаат „обоена револуција" во Македонија, што може да предизвика етнички тензии во мултиетничка Македонија и во соседните земји на Балканот.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG