Достапни линкови

Апели за смиреност по полициската акција во Куманово


Апели за воздржаност доаѓаат од партиите, од Американската амбасада и од Делегацијата на ЕУ. Неопходно е утврдување на фактите за она што се случува.

Вооружена група од соседството влегла на територија на Македонија, се засолнала кај поддржувачи и планирала напад на државни институции, изјави денеска на прес-конференција Иво Котевски, портпарол на МВР. По добиените сознанија, вели Котевски, полицијата утрово започна акција за сузбивање на групата, која според него, била добро вооружена и обучена за дејствување на вакви услови.

акцијата се уште трае акцијата, а поради специфичноста на теренот, полицијата напредува тактички и врши претрес во сите околни куќи.
Иво Котевски, МВР.

Котевски објасни дека околу 5 часот утрово се започнало со акцијата, но наишле на жесток оган, на што како што велат од МВР, одговориле внимателно и соодветно на ситуација. Котевски вели дека акцијата се уште трае акцијата, а поради специфичноста на теренот, полицијата напредува тактички и врши претрес во сите околни куќи. Од МВР упатуваат апели за смиреност. На прес конференцијата Котевски не даде детали за повредени и за евентуални жртви.

За повредени засега има податоци само од Кумановската болница, од каде што рекоа дека таму биле примени 4 полицајци, од кои тројца биле префрлени на лекување во Скопје. Од Клиничкиот центар во Скопје не даваат информации за тоа колку повредени се примени.

Апели за воздржаност

По настанот во Куманово со апели за воздржаност излегоа и партии, како и делегацијата на ЕУ во Скопје и Американската амбасада.

Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите.
Делегацијата на ЕУ.

Мисијата на Европската унија испрати соопштение во кое се повикува на смиреност од јавноста и се бара да се почека да бидат утврдени фактите од страна на релевантните власти.

„Делегацијата на Европската Унија внимателно ги следи извештаите за полициска операција која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите", пишува во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.

Од Американската амбасада во изјава велат дека ја следат состојбата и дека се во постојан контакт со властите и со политичките лидери.

„Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“. Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.

Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“. Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени.
Амбасадата на САД во Скопје.

И политичките партии апелираат на смиреност.

Демократската унија за Интеграција прва реагираше. Според нивденешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ како и други, се дејствиа што се во целосна спротиставеност со стратешките определби на Албанскиот народ како во Македонија, така и на Косово, во Албанија, и Прешевската Долина.

„Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на Албанскиот народ во регионот“, се наведува во соопштението.

Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на Албанскиот народ во регионот.
ДУИ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликтнoст и дестабилизација на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија? Дали и зошто криминални групи од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија? Кој ги организира и со каква цел? Истото треба да го направи и Али Ахмети“, рече Заев, додавајќи дека „црното сценарио нема да успее. Граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио“, вели Заев.

ДПА во соопштението бара „Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми“.

Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија?
Зоран Заев, СДСМ.

ДПА, се вели во соопштението, „апелира меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата“.

И Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност, се вели во соопштението од ДС, во кое воедно се апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања.

Реакција од Косово Косовското Mинистертво за надврошени работи во реакцијата за денешните случувања во Куманово, наведува дека со голема загриженост ги следи „вестите од Македонија за насилни инциденти во неколку локалитети, во кои се инфирмира дека има и жртви“.

„Република Косово остро ја осудува заканата по редот и безбедноста од која било индивидуа или група која има за цел дестабилизација на Македонија. Министертвото за надврошени работи априлира до сите страни да се воздржат од насилство и да изнајдат решение преку политички дијалог, во рамките на инситуциите на земјата и Охридскиот договор, што го гарантира интегритетот на Македонија и исполнување на правата на заедниците“, стои во соопштението на косовското Министерство за надворешни работи.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG