Достапни линкови

Студентите најавуваат бојкот и окупација на јавни простори


Бојкот на наставата и окупација на јавните простори се дел од методите кои студентите ќе ги користат во иднина. Собранието вечерва ги донесе измените во Законот за високо образование.

Институционално и вонинституциално делување најавија од Студентскиот пленум на денешниот перформанс пред Собранието на Македонија. Тие уште еднаш гласно порачаа „НЕ“ за лошите реформи во образованието. Бојкот на наставата и окупација на јавните простори се дел од методите кои ќе ги користат во иднина.

Го земеме тоа право затоа што чувствуваме граѓанска одговорност за да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни и затоа ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме.
Ана Нешовска, Студентски пленум.

Бојан Матовски од Студентскиот пленум вели дека се принудени на тој начин да реагираат, бидејќи народните избраници не ги преставувааат онака како што треба.

„Бидејќи сметаме дека кога би продолжиле со овој начин на демонстрации, тогаш ќе продолжи истата приказна и повторно нема да бидеме чуени, меѓутоа ако искористиме некои методи како окупација на јавни простори и бојкот на формалниот курикулум, сметаме дека таа метода ќе биде многу подобра, бидејќи сама по себе е многу помоќна и ќе биде неизбежно да бидеме чуени“, вели Матовски.

Тој додава дека Студентскиот пленум најпрвин треба организира масовни состаноци на факултетите, по кои ќе се координираат и гласааат, па потоа ќе донесат одлука за дефинитивните чекори кои ќе ги преземат.

„Јас и останатите коишто сме активни даваме некаков вид на предлог, некоја насока во којшто ќе се движиме и тоа е само наша идеја, меѓутоа крајниот збор го даваат студентите кои што ќе доаѓаат на тие пленуми и затоа очекувам што поголемо присуство, значи тие се објавени насекаде и по интерент и на плакати, така да нека дојдат што повеќе за да може да се одлучи што точно ќе преземеме“, вели тој.

Собранието е „местото на злосторството“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Ана Нешовска од Студентскиот пленум порача дека нивата борба доживеала трансформација и државниот испит покренал суштински прашања. Притоа таа праша каква е таа влада која е глува за 10 илјади граѓани. И Нешовска повтори дека ќе ја продолжат борбата.

Поголема вина за оваа ситуација во Македонија сноси Уставниот суд, поради тоа што не смогна сила да покаже респект кон начелото на легалитетот.
Елена Градишки Лазаревска, универзитетски професор.

„Го земеме тоа право затоа што чувствуваме граѓанска одговорност за да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни и затоа ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме. Овој протест денеска е симболичен. Знаеме дека институциите пред кои стоиме се трули. Имаме само една порака – Универзитетот е наш и повотрно ќе го преземеме. Дајте да продише граѓанскиот активизам. Има живот и надвор од партија!“, рече Нешовска.

Професор Елена Градишки Лазаревска од правниот факултет „Јустинијан први“ вели дека освен владата, најповикан во случајот е Уставниот суд.

„Поголема вина за оваа ситуација во Македонија сноси Уставниот суд, поради тоа што не смогна сила да покаже респект кон начелото на легалитетот на кое почива секоја држава која претендира на правна држава“, вели таа.

И од Професорскиот пленум претходно најавија сличен начин на дејствување.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG