Ќе работам за Хрватска и нема да дозволам некој да вели дека Хрватска не е просперитетна земја, изјави Китаровиќ во говорот по изборната победа.
Ќе ги решаваме отворените прашања со нашите соседи и ги повикувам на дијалог и да престанеме овие прашања да ги криеме под килим.Колинда Грабар Китаровиќ.
Претседателската функција во Хрватска е главно церемонијална.
Сепак, аналитичарите на нејзината победа гледаат како на барометар за расположението на граѓаните пред парламентарните избори што треба да се одржат годинава.
Имено, победата на 46-годишната Китаровиќ и покрај наредните неколку месеци на кохабитација со социјалдемократската влада многу ги зголеми шансите на нејзината опозициска Хрватска демократска заедница да се врати на власт.
Србија е наша соседна и пријателска држава. Но, таа треба да исполни неколку услови што ги имавме и за нашиот влез во Унијата.Колинда Грабар Китаровиќ.
„Ќе ги решаваме отворените прашања со нашите соседи и ги повикувам на дијалог и да престанеме овие прашања да ги криеме под килим“, изјави Китаровиќ, додавајќи дека ќе се бори за унапредување на првата на малцинствата, но оти нема ништо помалку да бара и за Хрватите во Србија, Војводина и другите соседни земји.
Во Хрватска претседателот не може да става вето на законите, но има влијание врз надворешната политика и одбраната.
Хрватска и се приклучи на Европската унија во 2013 година, но нејзината економија останува една од најслабите во Унијата со невработеност од скоро 20 отсто и со предвиден раст за годинава од само 0,5 проценти.
Китаровиќ оцени дека нејзиниот претходник Јосиповиќ не сторил ништо за да го запре економскиот пад на земјата.
Јосиповиќ кој се кандидира и за вториот петгодишен мандат со поддршка на социјалдемократите и кој победи на првиот круг одржан на 28 минатиот месец изјави дека немал мандат да се меша во владината економска политика.
Китаровиќ исто така го критикуваше Јосиповиќ и за тоа дека бил премногу попустлив спрема Србите и оти членството на Србија во Европската унија мора да биде условено од Хрватска.
„Србија е наша соседна и пријателска држава. Но, таа треба да исполни неколку услови што ги имавме и за нашиот влез во Унијата“, рече Колинда Грабар Китаровиќ, која претходно беше шефица на хрватска дипломатија, амбасадор во Вашингтон и помошник на генералниот секретар на НАТО.
Функцијата ја презема на 16 февруари, а пред тоа треба да се откаже од членството во ХДЗ. Таа е прва претседателка во историјата на Хрватска, но и прва од ХДЗ по 15 години, односно по Фрањо Туѓман.