Достапни линкови

Младите не знаат како со пари


Ако немате банкарска сметка на 14 години, тогаш нема да ги разбирате и парите, вели Џеро Билимориа од Меѓународната организација за финансиска едукација.

Задолжителна економска и бизнис едукација во школите, намалени трошоци за високо образование и социјално вклучување на младите и децата. Претставниците на младинските организации од 14 европски земји, од Скопје се обратија до политичарите на целиот континент да обезбедат услови во образовните системи преку кои младите генерации ќе стекнат нови вештини за бизнисот и парите.

Најголемите слабости за младите претпримеачи се дека не го разбираат банкарството, не ги разбираат заемите и парите. Ако немате банкарска сметка на 14 години, тогаш нема да ги разбирате и парите.
Џеро Билимориа, Меѓународна организација за финансиска едукација.

Џеро Билимориа од Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади, вели дека децата уште на тригодишна возраст треба имаат банкарски сметки за да стекнат навики за штедење и во иднина подобро да го разберат банкарството, претприемништвото и парите.

„Најголемите слабости за младите претпримеачи се дека не го разбираат банкарството, не ги разбираат заемите и парите. Ако немате банкарска сметка на 14 години, тогаш нема да ги разбирате и парите“, вели Џеро Билимориа од Меѓународната организација за финансиска едукација.

Се соочуваме со сиромаштија кај младите и децата и со многу важно прашање, а тоа е нивната социјалната вклученост. Решенија можете да обезбедите преку воведување на училишен превоз, подобар пристап до јавниот превоз, до библиотеките и интернетот.

Претставниците на младинските организации истакнаа дека младите во школите учат литература и математика, но не добиваат обука за финасиите и водењето бизнис. Тие упатија предупредување до политичарите дека се одговорни да обезбедат промени во образовните системи и намалување на трошоците на универзитетите.

„Помогнете ни за нашето економско образование, бидејќи во утрешниот свет ќе се соочиме со поголеми проблеми и ако потфрлиме нема да можеме да избегнеме нова економска криза. Затоа бараме да го финансирате и да го поддржите нашето економско образование. И запомнете, на вас ќе ви биде судено за тоа што сте требале да го направите и за тоа што не сте го направиле.“

„Едукативен систем што не одговара на потребите на пазарот создава високи стапки на невработеност. Со намалени трошоци за високото образование и отстранување на бариерите до виското образование можат да обезбедат тренинг специјалисти кои ќе придонесат кон одржлив развој на секоја земја.“

„Се соочуваме со сиромаштија кај младите и децата и со многу важно прашање, а тоа е нивната социјалната вклученост. Решенија можете да обезбедите преку воведување на училишен превоз, подобар пристап до јавниот превоз, до библиотеките и интернетот“, велат претставниците на младинските организации.

Економската криза од 2008 година силно ја погоди Европа. Стапката на невработеност порасна скоро во сите земји, каде особено на удар беа младите. Независно од финансиската криза, стапката на невработеност кај младите во Македонија е константно висока, а во моментов изнесува над 50 проценти. Сепак младите во земјава повеќе преферираат да работат во јавната администрација отколку да формираат сопствен бизнис.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG