Достапни линкови

Младите и претприемништвото


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тајната на успехот не е да седиме дома и да бидеме демотивирани, а на ист начин да ги демотивираме и другите. Тајната на успехот е преку напорна работа, преку многу вложен труд, преку многу надминати предизвици, преку многу падови и подеми, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Следејќи ги официјалните податоци од институциите каде што над 3.500 млади луѓе основале сопствен бизнис и вработиле други млади, секако искористувајќи ги разните поволности кои ги дава Владата на ВМРО-ДПМНЕ, добивме идеја таа бројка да се зголеми и организиравме голема обука со врвни предавачи од сферата на претприемништвото за сите млади луѓе. Месец септември за УМС помина во духот на претприемништвото. Во четири викенди, по 5 предавачи во просек во ден, младите имаа можност да навлезат подлабоко, имаа можност да слушнат лични искуства на веќе изградени претприемачи и им беа претставени поволностите за основање сопствен бизнис.

Условите за основање сопствен бизнис никогаш не биле поповолни, процесот никогаш поедноставен. Слушам луѓе што немале никаква допирна точка со претприемништво или бизнис, им зборуваат на други како откако ќе основаш бизнис ќе те сотреле казни. Во периодов околу организација на обукава, контактирав со над 30-тина претприемачи во најразлични области и ниту еден не се пожали дека биле казнувани непотребно.

Обуката беше бесплатна, пријавувањето он-лајн. Учество земаа над 400 млади луѓе. По сè изгледа дека интересот кај младите за основање сопствен бизнис е големо и сè повеќе излегуваат надвор од стегите кои народот го држеле цврсто во комунизмот и пост-комунизмот или во превод „сине, вработи се во државно, државната плата е најсигурна“.

Предавања, споделување лични животни приказни, дискусии, лични идеи, интерактивни вежби, нетворкинг помеѓу учесниците. Се надевам дека оттука ќе излезат учесниците побогати за неколку пријателства или можеби тука ќе го најдат својот иден бизнис партнер. Сè на сè, задоволен сум од обуката која оваа сабота завршува и ја одбележува првата од многуте обуки за претприемништво што ќе се реализираат од страна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Условите за основање сопствен бизнис никогаш не биле поповолни, процесот никогаш поедноставен. Слушам луѓе што немале никаква допирна точка со претприемништво или бизнис, им зборуваат на други како откако ќе основаш бизнис ќе те сотреле казни. Во периодов околу организација на обукава, контактирав со над 30-тина претприемачи во најразлични области и ниту еден не се пожали дека биле казнувани непотребно. Напротив, сите едно исто рекоа: „Пред законот сите сме исти, кој не го почитува нека го казнат“.

Имено, луѓето што никогаш немале допирна точка со бизнис, а го зборат ова можете да ги сретнете секаде. Тоа се демотиватори кои имаат за задача да ве премислат да ја реализирате вашата идеја, да се реализирате самиот и да успеете далеку пред нив.

Тајната на успехот не е да седиме дома и да бидеме демотивирани, а на ист начин да ги демотивираме и другите. Тајната на успехот е преку напорна работа, преку многу вложен труд, преку многу надминати предизвици, преку многу падови и подеми.

Посебен впечаток од излагањето на предавачите ми остави една заедничка работа на сите нив. Впрочем на никој од нив не успеале од прв пат. Некои паѓале и два и три пати, а сега се успешни претприемачи и водат успешен сопствен бизнис, каде што вработуваат луѓе. Меѓу другото и голем дел од предавачите се произнесоа дека пред да основаат сопствен бизнис работеле сè и сешто. Сите имаа еден заеднички став, иако не се познаваа меѓу себе. Во државна администрација не би работеле, можностите преку сопствениот бизнис се многу поголеми. Тајната на успехот не е да седиме дома и да бидеме демотивирани, а на ист начин да ги демотивираме и другите. Тајната на успехот е преку напорна работа, преку многу вложен труд, преку многу надминати предизвици, преку многу падови и подеми. Тајната на успехот не е седењето дома и чекањето работата сама да дојде.

На сајтот на Агенцијата за вработување на Република Македонија можете да ги погледнете сите активни мерки за самовработување, за основање сопствен бизнис, а оние кои веќе сте го направиле тој чекор и се одлучувате за проширување, субвенции за вработување и проширување. Сите поволности можете да ги погледнете од дома или од вашиот мобилен телефон. Никогаш не биле попристапни.

За крај, сакам да им честитам на сите оние кои беа дел од оваа голема обука за претприемништво, организирана од УМС на ВМРО-ДПМНЕ и да им напоменам дека не треба да го земат сертификатот и да застанат, туку нека се обидат да основаат сопствен бизнис. Можеби првиот пат нема веднаш да успее, но нема откажување, додека не се реализираат самите во она што сакаат да прераснат во иднина. Ви ја најавувам следната обука за претприемништво, која се надевам ќе опфати ист или поголем број на учесници за 2-3 месеци, на која сигурен сум, гостин ќе имаме некој што основал сопствен бизнис после оваа завршена обука.

XS
SM
MD
LG