Достапни линкови

Илегалните мигранти не се директна закана за безбедноста


Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак биле откриени на железничка станица во Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун.
Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак биле откриени на железничка станица во Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун.

МВР поведе постапка за враќање во Грција на илегалните мигранти за кои има точни информации дека од таму влегле во Македонија. Експертите велат дека нивната цел не е Македонија туку земјите од западна Европа.

Министерството за внатрешни работи поведе постапка за враќање во Грција на илегалните мигранти за кои има точни информации дека од таму влегле во Македонија. Дел од групата мигранти од Сирија и Ирак кои вчера беа откриени во товарен воз во Велес поседувале доволно предмети и докази за тоа од каде влегле во земјава, а со останатите лица се уште се работи, соопштија од полицијата.

Ќе бидат депортирани согласно договорите за реадмисија во соседна Република Грција. За останатите исто така ќе тече процедура, така што не може да се генерализира дали евентулано некој од нив би побарал азил.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

„Ќе бидат депортирани согласно договорите за реадмисија во соседна Република Грција. За останатите исто така ќе тече процедура, така што не може да се генерализира дали евентулано некој од нив би побарал азил или како би одела постапката докрај“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Од МВР велат дека илегалните имигранти не знаеле да објаснат од каде се и што правата во земјава. Но според сознанијата до кои дошле инспекторите на МВР илегалците од Сирија стигнале преку Турција и Грција за што на посредници им платиле по 3200 евра, а за да дојдат до Србија од Грција на дел од нив им било побарано од 600 до 800 евра. По згрижувањето на поголемата, била откриена и помала група од девет мигранти, но во патнички воз кој од Гевгелија одел за Скопје. Истата постапка ќе важи и за нив.

Тие немаат намера да останат тука дефинитивно, тие за цел ја имаат западна Европа и во склад со тоа или ja користат Македонија како транзит доколку успеат, а доколку не би можеле да останат и во овие делови.
Методи Хаџи-Јанев, универзитетски професор.

Сто триесет и двајцата илегални мигранти од Сирија и Ирак не претставуваат директна закана за безбедноста вели професорот Методи Хаџи-Јанев. Се работи за бегалци кои од економско-социјални причини ја напуштиле својата земја и нивната цел не е Македонија туку земјите од западна Европа, вели професорот Хаџи-Јанев.

„Тие немаат намера да останат тука дефинитивно, тие за цел ја имаат западна Европа и во склад со тоа или ja користат Македонија како транзит доколку успеат, а доколку не би можеле да останат и во овие делови, бидејќи има извесна група на луѓе од сириско или од арапско потекло кои што живеат.“

Хаџи-Јанев сепак додава дека не е исклучена можноста во таквите групи да има инфилтрирано и поединци со радикални сфаќања. Објаснува дека дел од оние кои нема да можат да заминат во западна Европа, остануваат тука и се обидуваат да се интегрираат во општеството. Но оние кои нема да можат да се вклопат во општествените рамки социјализираат и стануваат потенцијална опасност за нашето општество.

„Со оглед на тоа што тешко ќе се снајдат во општеството, многу често можат да бидат предмет на стигматизирање или да завршат во оние „неразивени пакети“, каде што подоцна можат да бидат проблематични.“

Од јануари годинава во прифатниот центар за илегални мигранти имало 364. Најмногу од нив или 66 се од Сирија, а 37 од Ирак. Лицата во прифатниот центар може да останат најмногу една година. Некои од лицата се враќаат во матичната држава, а најчесто во согласност со договорите за реадмисија илегалците им се враќаат на Грција и Србија. Дел од нив бараат азил во земјата и додека трае постапката се префрлаат во прифатилиштето за азиланти.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG