Достапни линкови

Шест доживотни за „Монструм“, одбраната незадоволна


Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје. 13.04.2012
Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје. 13.04.2012

Доживотен затвор за шестмина обвинети и една ослободителна пресуда, е епилогот на случајот Монструм, за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред 2 години. Адвокатите на осудените најавија жалби.

Доживотен затвор за шестмина обвинети и една ослободителна пресуда, е епилогот на случајот Монструм, за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред 2 години. Според, Основниот суд Скопје 1, делото било добро испланирано и извршено на свиреп начин. Обвинетиот Сејди Рами е ослободен бидејќи не се докажа дека е виновен за кривичното дело за кое беше обвинет.

Пресудата е донесена врз база на закон и докази, а не врз основа на емоции.
фдс

Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута беа осудени на доживотен затвор откако беа прогласени виновни за кривично дело тероризам.

Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште не се екстрадирани од Косово, кадешто одлежуваат казна затвор за недозволено поседување оружје. Токму тие двајца, заедно со Агим Исмаиловиќ се осудени како директни извршители на убиството на младите момчиња, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски. Увиството беше извршено на 12 април 2012 година пред Велигден.

Главниот судија Ивица Стефановски рече дека и покрај различната етничка припадност на обвинетите и на убиените, постапка не треба да влијае на меѓучовечките односи. Тој истакна дека пресудата е донесена врз база на закон и докази, а не врз основа на емоции.

Роднините на осудените од „Монструм“ незадоволни од пресудата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Семејствата и на обвинетите и на убиените пресудата ја дочекаа мирно. Пред Судот има големо полициско присуство, но е мирно, иако се шпекулираше дека може да има протести. Роднини на осудените изразија незадоволство од пресудата и тврдат дека осудените се невини. Братот на осудениот Фејзи Азири, Бедри Хајдари, пред судот изјави дека неговиот брат е невин.

Тој беше осуден пред да излезе пред истражен судија, беше на телевизија дека е обвинет. Со тоа се докажува дека судијата само ги исполнува желбите на врвот на државата.
Бедри Хајдари, братот на осудениот Фејзи Азири.

„Тој беше осуден пред да излезе пред истражен судија, беше на телевизија дека е обвинет. Со тоа се докажува дека судијата само ги исполнува желбите на врвот на државата“, вели Хајдари.

Тој рече дека дополнително ќе одлучат дали ќе организираат протести.

„Ние ќе се жалиме пред други судови, но поучени од претходните случаи не очекуваме којзнае што. Сега засега не, ама кога ќе се промени, кога ќе дојде некоја правда во Македонија, тогаш ќе видиме кој е сторителот и кои се тие специјални единици, од каде им се оружјата, дали им се од Микеи, дали им се од некаде. Ќе видиме, само денеска можеби не, ама ќе дојде ден кога ќе се обелодени правдата и тогаш ќе видиме кој е сторител на тоа“, рече Хајдари.

Адвокатот на осудените, Насер Рауфи рече дека не се задоволни од пресудата и најави жалба. И адвокатот на ослободениот Сејди Рами, Митко Солаков, рече дека обвинетите се осудени без докази.

„Никаде во постапката не го видовме оружјето со кое е извршено убиството, туку слушнавме само сведочење на заштитен сведок“, рече тој.

Обвинетите имаат право да поднесат жалба и да ја обжалат пресудата во рок од 15 дена. До правосилноста на пресудата, осудените ќе останат во притвор.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG