Достапни линкови

Цивил - неправилностите го нарушија избирачкото право


Претседателски избори 2014.
Претседателски избори 2014.

Голем број граѓани најверојатно не ќе можат да го остварат своето гласачко право и во вториот круг, бидејќи не гледаме некакво подобрување на избирачкиот список, вели Џабир Дерала од Цивил.

Набљудувајќи го досегашниот тек на избирачкиот процес, невладината Цивил забележала голем број неправилности, кои како што вели претседателот на организацијата Џабир Дерала, го нарушиле избирачкото право на голем број гласачи во првиот круг од претседателските избори кои или не биле на избирачкиот список или биле разместени на начини на кои не им се овозможува остварување на ова право.
Голем број од овие граѓани најверојатно не ќе можат да си го остварат своето гласачко право и во вториот круг, бидејќи не гледаме некакво поместување по подобрување на квалитетот на избирачкиот список, во санирање на проблемите.
Џабир Дерала, Цивил.


„Голем број од овие граѓани најверојатно не ќе можат да си го остварат своето гласачко право и во вториот круг, бидејќи не гледаме некакво поместување по подобрување на квалитетот на избирачкиот список, во санирање на проблемите, од она што е регистрирано како од страна на набљудувачите, така и од самите пријави на граѓаните и граѓанките.“

Се уште е голем дел на починати лица на избирачкиот список, а голема пречка во процесот на гласање претставува и силната медиумска контрола во земјата како и нетранспарентноста на финансиската контрола како се трошат парите на граѓаните посочува Дерала. Сето ова заедно со силната партизираност на администрацијата ги прави проблемите долгорочни и системски, доаѓа до истите констатации и Цивил како што претходно беше објавено и во согледувањето на ОБСЕ/ОДИХР.
Популарното 500 денари по глас е придружено со уште попопуларното ќе добиеш работа или пак ќе се искачиш на листата за чекање на работа ако се докажеш пред партијата.
Џабир Дерал, Цивил.


Администрацијата, јавните и државните институции можеме да констатираме дека се до крај искористени и злоупотребени, посочува Цивил во својот извештај. Оваа невладина организација во неколку наврати документираше и случаи на корупција.

„Популарното 500 денари по глас е придружено со уште попопуларното ќе добиеш работа или пак ќе се искачиш на листата за чекање на работа ако се докажеш пред партијата, оние што се на договор на дело мора да донесат 3, 5, 10, неопределени гласачи.“

Цивил забележала и случаи на притисок и заплашување на гласачите и тука сметаат за неопходно да се работи на јакнење на свеста кај гласачите.


Дерала е песимист дека нерегуларностите констатирани како системски ќе бидат санирани во само неколку дена пред вториот круг од претседателските и предвремените парламентарните избори, зошто тие се креирани а не настанати а за последиците и текот на гласањето в недела треба посеопфатно да се анализира по неговото завршување, констатира Дерала.
XS
SM
MD
LG