Достапни линкови

Кандидатот е важен, ама партијата е поважна!


Четворица кандидати ќе се борат за освојување на претседателска фотелја на престојните избори. Но, се очекува во трката најмногу гласови да соберат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Четворица кандидати ќе се борат за освојување на претседателска фотелја на престојните избори. Но, се очекува во трката најмногу гласови да соберат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, актуелниот претседател Ѓорге Иванов и професор Стево Пендаровски. Повеќето од граѓаните, особено младите кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк на нашата веб страна, велат дека пресудна ќе биде личноста. Но, некои од повозрасните признаваат дека поважна е партијата од каде што доаѓа кандидатот, како што досега покажуваат и искуствата од претходните избори.
Ние имаме независни кандидати, ама се знае дека за партија ќе се гласа. Така функционира демократијата кај нас, ако тоа може да се нарече демократија.
Анкетиран граѓанин.

„Не сум размислувал, ама сигурно не за партија. Ќе гласав за Билјана Ванковска ако поминеше, ама тоа е тоа.“

„За партија, ВМРО ме бендисува и за нив ќе гласам.“

„Ние имаме независни кандидати, ама се знае дека за партија ќе се гласа. Така функционира демократијата кај нас, ако тоа може да се нарече демократија.“

„Јас би гласала за личност, а за другите не знам. Сметам дека тоа е пресудно. Не ми е важно од која партија е, досега секој си покажал што може и умее, така што веќе имам одлучено за кого ќе гласам.“

„За личност што е способна за претседател, за таа би гласала.“

„Граѓаните бираат партија, а јас бирам личност“, велат анкетираните граѓани во центарот на Скопје.

На претстојните претседателски избори повеќето граѓани анкетирани во рубриката Хајд Парк велат дека би гласале за личност, но искуствата покажуваат дека поважна е партијата отколку личноста. Кој е вашиот став. Погледнете го видеото и коментирајте.
Хајд Парк - Личност или партија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека граѓаните не гласаат за личност, туку за партија.
Партијата ја игра главната улога со својата позадинска поддршка, така што партиите може да кандидираат кого сакаат, може да биде и „англиска кралица“ и повеќе од тоа, важно е само да се има некој што ќе го истрча кругот.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

„Тоа се докажа и сега со собирањето на 10 илјади потписи и за независната кандидатура на професор Ванковска и за кандидатурата на Стојанче Ангелов се докажа дека сепак партијата ја игра главната улога со својата позадинска поддршка, така што партиите може да кандидираат кого сакаат, може да биде и „англиска кралица“ и повеќе од тоа, важно е само да се има некој што ќе го истрча кругот“, вели Стојадиновиќ.

Таа додава дека граѓаните би гласале за кандидат од друга националност само доколку тој биде избран консензуално, како што предлагаше албанскиот блок.

„Да беше консензуален кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе се гласаше за него по партиска линија. И да беше Македонец, Албанците ќе гласаа за него по партиска линија“, вели Стојадиновиќ.

Освен Иванов и Пендаровски, во претседателската кампања ќе учествуваат и Зоран Поповски од ГРОМ и Иљаз Халими од ДПА.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG