Достапни линкови

Извештајот за човековите права во Македонија е објективен


Американскиот Стејт департмент наведува дека е особено загрижен за партизирањето на државата и мешањето на владата во судовите и во медиумите, селективната правда и високото ниво на корупција.

Институциите во чија надлежност спаѓаат областите критикувани во годинашниот извештај за човекови права на Стејт департментот сè уште не го разгледале детално и не можат да дадат соодветни коментари на наводите во него, иако повеќето од нив реагираат дека станува збор за констатации кои се политички, а не во доменот на работата на институциите.
Тоа се состојбите во Македонија, а се однесуваат на делот каде што одредени работи по однос на човековите слободи и права се утврдуваат и во извештајот на Народниот правобранител.
Иџет Мемети, Народен правобранител.

Како што јасно се нагласува во извештајот, Стејт департментот е особено загрижен за партизирањето на државата и мешањето на владата во судовите и во медиумите, селективната правда и високото ниво на корупција.
Народниот правовбранител Иџет Мемети.
Народниот правовбранител Иџет Мемети.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека извештајот е објективен и реален со оглед на тоа дека истите забелешки се појавуваат во сличните извештаи во континуитет.

„Затоа што тоа се состојбите во Македонија, а се однесуваат на делот каде што одредени работи по однос на човековите слободи и права се утврдуваат и во извештајот на Народниот правобранител“, изјави Мемети.
Ниту правото владее, ниту, пак, се носат закони што укажуваат на владеење на правото. Не се прави дистинкција меѓу партиската политика и политиката на државата, во смисла на сите граѓани на оваа земја.
Маргарита Цаца Николовска, Институт за човекови права и совет за политички систем на СДСМ.

Извештајот на Стејт департментот констатира влошена состојба со почитувањето на човековите права во Македонија, вели Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права и претседател на советот за политички систем на опозицискиот СДСМ, а тоа што особено загрижува е поистоветувањето на државата со партијата што клучно нè оддалечува од принципите на владеење на правото.

„Ниту правото владее, ниту, пак, се носат закони што укажуваат на владеење на правото. Не се прави дистинкција меѓу партиската политика и политиката на државата, во смисла на сите граѓани на оваа земја“, изјави Цаца Николовска.

Таа забележува посебна загриженост во извештајот на Стејт департментот во делот каде што се укажува на психичко малтретирање на затворениците од страна на полицијата, со што, како што вели, се крши членот три од Конвенцијата за човекови права.

„Ова е уште една дополнителна констатација дека во Македонија заштитата и гаранцијата на човековите права се во таква состојба што не само што можеме да кажеме дека е загрижувачка, туку дека е катастрофална“, вели Цаца Николовска.

Таа порачува - не станува збор за субјективни мислења, па според тоа и не може да властите да се однесуваат толку индиферентно што само по себе ја зголемува загриженоста за одвивањето на демократските процеси во земјата. Институциите се обврзани да понудат аргументи или контрааргументи на тоа што го констатираат релевантни институции кои се занимаваат со мониторинг на состојбите со човековите права. Однесувањето кое што го гледаме ја прави состојбата не само загрижувачка, туку и алармантна, укажува Цаца Николовска.
XS
SM
MD
LG