Достапни линкови

Обама: подобри можности за средната класа


Американскиот претседател Барак Обама го искористи годишното обраќање за состојбата на Унијата да најави, како што рече, „конкретни и практични предлози“ за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Републиканците со критики дека таквите потези не и нудат подобра економска иднина на земјата.

Говорејќи на заедничка седница на Конгресот, Барак Обама ја сигнализира неговата намера да преземе извршна акција во американската економија, заобиколувајќи го Конгресот со потези за кои не се неопходни соодветни закони. Тоа, како што изјави, е со цел да ги прошири економските можности за американската средна класа.
Но, просечните плати едвај се поместија. Нееднаквоста се продлабочи. Мобилноста е во застој.
Барак Обама, претседател на САД.

„Денес, по четири години економски пораст, профитите на корпорациите и цените на акциите никогаш не биле повисоки и оние на врвот никогаш не биле подобри. Но, просечните плати едвај се поместија. Нееднаквоста се продлабочи. Мобилноста е во застој.“

Обама додаде дека студен и тежок факт е тоа што и во средината на економското заздравување премногу Американци повеќе работат за да преживеат, а не за да напредуваат.

„Она што го нудам вечер е пакет конкретни и практични предлози за забрзување на порастот, зајакнување на средната класа и градење нови скали на можности. Некои бараат акција од Конгресот и јас сакам да
Но, Америка не стои и никогаш нема да стои. Затоа ќе ги преземам сите можни чекори за кои не потребна легислатива да ги проширам можностите за американските семејства.
Барак Обама, претседател на САД.
работам со вас. Но, Америка не стои и никогаш нема да стои. Затоа ќе ги преземам сите можни чекори за кои не потребна легислатива да ги проширам можностите за американските семејства.“

Обраќањето на претседателот, што милиони Американци го следеа на телевизијата и преку интернет, всушност го означи стартот на изборната кампања за дел од Конгресот што ќе ја одбележи американската политика во наредниве месеци.

Демократите кои сакаат да ги претстават републиканците како заштитници на богатите, вршат притисок врз Обама повеќе да се фокусира врз економската нееднаквост и врз намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните.

„Она во што верувам дека го обединува народот на оваа земја, без оглед на расата, верата или партијата, млади или стари, богати или сромашни е едноставно длабоката верба во можностите за сите и идејата дека ако работиш напорно и одговорно, можеш да напредуваш“, изјави Обама во годишното обраќање во кое се осврна и врз некои надворешно политички прашања, пред се Иран и Авганистан.

Тој повтори дека ќе стави вето на секој потег на Конгресот за воведување нови санкции против Иран, бидејќи дипломатските напори за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма имаат шанси за успех.

Обама додаде дека мал број американски и НАТО војни ќе останат во Авганистан и по 2014 година, но само за обука на авганистанските сили и за операции против остатоците на Ал Каеда.

Во првичните реакции на републиканците на говорот на Обама, преовладуваат критики.

„Претседателот зборува многу за нееднаквоста на приходите. Но вистинскиот јаз со кој се соочуваме денес е токму можноста за нееднаквост. И со политиките на оваа администрација тој јаз стана премногу широк и гледаме како секојдневно расте“, изјави републиканката Кети Мекморис Роџерс, додавајќи дека нејзината партија работи да го намали јазот меѓу она што сега е земјата и она што сака да биде во иднина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG