Достапни линкови

Волерс - Обединувањето се уште проблем


Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.
Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Обединувањето е се уште проблем во вашата земја, вели амбасадорот Пол Волерс.Тој смета дека историјата не треба да се заборави, но не треба по неа да се дефинира народот затоа што тоа само претставува уназадување.

Обединувањето како политичко така и општествено изгледа дека останува да биде проблем во земјава, истакна денеска американскиот амбасадот Пол Волерс во своето обраќање пред студентите на Унивезитетот „Фон“. Тој во својот говор посочи дека е потребно да се одбере концепт врз кој особено младите во земјава ќе се обединат.
Никој нема да ви го смени идентитетот, никој нема да го смени фактот дека вие сте етнички Македонци или етнички Албанци, или која и да е друга етничка припадност. Но тоа не треба да ја дефинира вашата иднина.
Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.

„Она што би ви го рекол е дека САД имаа сличен проблем со Македонија. И ние сме мултиетничка земја која минала низ периоди на внатрешни конфликти. И ако мислите дека вие имате многу етнички групи, треба да не видите нас, ние имаме веројатно стотина различни етнички групи во САД. Можам да ви понудам предлог да го разгледате искуството на мојата земја, ние имавме проблем да се обединиме, не можевме да се обединиме околу минатото, или околу заеднички ентитет или пак религија или јазик затоа немавме заедничко
по овие основи, но затоа гледавме напред и се обединивме околу принципи како што се слобода на изразување, толеранција на етнички и културни различности, еднаквост, правда за сите, еднаква шанса за сите за вработување. “
Слобода, демократија, човекови права, права на малцинските заедници или групи, права на маргинализираните заедници, слобода на говорот, слобода на уверување, слобода на вероисповест. Сите вредност кои всушност се запишани и во нашиот Устав.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

Волерс смета дека историјата не треба да се заборави, но не треба по неа да се дефинира народот затоа што тоа само претставува уназадување.

„Горди сте на вашето минато, го почитувате тоа, но учите од него и одите напред. Но не се дефинирате себе си по она што се случило, тоа дава информации кои сте, ви помага да се развиете, нормално. Никој нема да ви го смени идентитетот, никој нема да го смени фактот дека вие сте етнички Македонци или етнички Албанци, или која и да е друга етничка припадност. Но тоа не треба да ја дефинира вашата иднина, затоа што ако е така, тогаш вие сте многу ограничени. Каде ќе одите? Ќе останете засекогаш во минатото, мислејќи на минатото и расправајќи се околу него. Мора да одите напред.“

Професор Мирјана Малеска смета дека пораката на Волерс содржи промовирање на либералните вредности за кои се бори американското општество. Таа додава дека оваа порака за обединување не е упатена само кон Македонците, туку и кон другите етнички заедници кои исто така треба да придонесат за градење граѓанска политичка култура.

„Слобода, демократија, човекови права, права на малцинските заедници или групи, права на маргинализираните заедници, слобода на говорот, слобода на уверување, слобода на вероисповест. Сите вредност кои всушност се запишани и во нашиот Устав“, вели Малеска.

Што се однесува на прашањето на еден од студентите за негов коментар околу македонскиот феномен за предвремени избори секоја втора година, Волерсизјави дека тоа е политичко прашање на кое гласачите во Македонија го имаат одговорот и не сака да заземе позиција во врска со изборниот процес во земјава.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG