Достапни линкови

Заеднички извештај за натамошни поделби


Координација за препораките на комисијата за 24 декември кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Координација за препораките на комисијата за 24 декември кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Дополнителни проблеми создаваат самите формулации кои оставаат простор за различни толкувања и широка расправа која се очекува да се води во работното тело формирано за да ги спроведе препораките.

Иако потпишаа заеднички документ, власта и опозицијата остануваат поделени околу него. Дополнителни проблеми создаваат самите формулации кои оставаат простор за различни толкувања и широка расправа која се очекува да се води во работното тело формирано за да ги спроведе препораките.
Се работи за извештај којшто не е нормативен акт и врз основа на него не може никој да се повика на правна одговорност, но има елементи за политичка одговорност за тие којшто довеле да се случи тоа што се случи на 24 декември.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

Комисијата за 24 декмври.
Комисијата за 24 декмври.
Експертите не се оптимисти околу исходот познавајќи ги позициите на потписниците. Препукувањата продолжуваат преку медиумите и СДСМ го повика претседателот на Собранието да си поднесе оставка, зашто во извештајот, како што рекоа, е нотирано дека токму тој го прекршил уставот, Законот за собрание и Деловникот. За владејачката партија, пак, и покрај ставениот потпис, документот е невалиден. Професор Темелко Ристевски ја толкува сегашната состојба.

„Се работи за извештај којшто не е нормативен акт и врз основа на него не може никој да се повика на правна одговорност, но има елементи за политичка одговорност за тие којшто довеле да се случи тоа што се случи на 24 декември“, вели тој.

Но искуствата покажуваат, вели Ристевски, дека и покрај бројните причини одговорен функционер да си поднесе оставка што се случило многупати досега, политичка одговорност нема понесено никој.

Основи за евентуална правна одговорност ќе се создадат тогаш кога тој извештај ќе се имплементира во прописите, во деловникот и во законите и натаму врз основа на тоа нема да може да одговараат лица кои ги прекршиле прописите пред тие да бидат донесени.

„Сепак, тој извештај мора да се имплементира затоа што тоа го наметнуваат потребите, од една страна, а од друга страна очигледно е дека ЕУ, нејзините органи, нејзините претставници вршат притисок, тоа да се имплементира во нашите прописи, да се спроведе во дело“, вели тој.

Според Ристевски, самиот старт на расправата околу имплементацијата најавува спротивставеност и неусогласеност, според него, пред сè поради почетните резерви при ставањето на потписите. Но, тој очекува и верува дека препораките ќе се имплементираат покрај другото и поради тоа што меѓународната заедница тоа ќе го очекува, а можеби и директно ќе побара да се направи тоа. Опозицијата најави дека ќе инсистира најпрвин на укинување на одредбите од Деловникот што власта ги донесе додека СДСМ беше надвор од Парламентот. Копјата ќе се кршат според првичната атмосфера и околу Законот за Собранието.
XS
SM
MD
LG