Достапни линкови

Временска прогноза - викендов дожд, од понеделник снег


Macedonia -- Rain in Skopje, 29Nov2012
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Се очекува да наврнат 20 литри на метар квадратен проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје тепмературата ќе се искачи до 13 степени.

В недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои се очекува да бидат пообилни во источните делови од земјава. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од девет до 14 степени.

Од понеделник ќе има позначителни промени на времето. Се очекува заладување со засилен северен ветер и повремени врнежи од снег.
XS
SM
MD
LG