Достапни линкови

ЈСП со туѓи пари ќе гради Панорамско тркало


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје речиси секоја година ја завршува со загуба од неколку илјади евра, но ќе одвојува 12 милиони евра во следните 5 години за изградба на Панорамското тркало.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје речиси секоја година ја завршува со загуба од неколку илјади евра. Само минатата година во годишната пресметка бележи загуба од речиси 80 илјади евра, додека во 2011 медиумите пишуваа дека ЈСП е рекордер во однос на другите градски претпријатие со загуба од 800 илјади евра. Според завршната сметка ЈСП лани заработил речиси 29 милиони евра, но бара од основачот, Град Скопје да изнајде начин за покривање на загубата затоа што се исцрпени законските резерви на ЈСП.
Ние имаме контакти со бројни донатори коишто би можеле да ни помогнат, така да се надевам дека успешно ќе го направиме тоа и ќе можеме да ги обезбедиме средствата.
Мишо Николов, директор на ЈСП.

Во 2009 и 2010 година ЈСП од Град Скопје доби повеќе од милион евра за пополнување на финансиските дупки.

Претпријатието во 2012 година по основ на субвенции доби 2 милиони евра додека приходите по основ на рекламна пропаганда, донации и спонзорства изнесуваа 9 милиони евра. Владата како субвенција за ЈСП лани донираше и два милиони литри гориво од државните резерви на нафта.

Новите автобуси за претпријатието беа финансирани од министерството за транспорт и врски. Според предлог буџетот на Владата, министерството за новите автобуси ќе плати 5 милиони евра, а минатата година во буџетската сметка е наведена ставка за оваа намена од 18 милиони евра. Оттука
Ниеден одговорен човек не би влегол во ваков проект кој чини околу 12 милиони евра, бидејќи јавното претпријатие секоја година доаѓа во Град Скопје и бара субвенции.
Софија Куновска, претседателката на скопската организација на СДСМ и советник во Град Скопје.
се наметнува прашањето дали ЈСП има финансиски капацитет да одвои 12 милиони евра во следните 5 години за изградба на Панорамското тркало.

Директорот Мишо Николов вели дека очекува претпријатието да одвои догодина милион евра за почеток на изградбата.

„Па добро тоа се инвестиции во основни средства, ние имаме контакти со бројни донатори коишто би можеле да ни помогнат, така да се надевам дека успешно ќе го направиме тоа и ќе можеме да ги обезбедиме средствата.“

РСЕ: За каков вид на донатори станува збор?

„Па донации од државни институции, од приватни.“

Претседателката на скопската организација на СДСМ и советник во Град Скопје Софија Куновска вели дека анализата за Панорамското тркало може да се направи од два аспекта.

„Ако станува збор за тоа дека е донесена политичка одлука во штабот на ВМРО-ДПМНЕ овој проект да се реализира, бидете сигурни дека ќе се најдат и механизми и средства како да се надминат пречките кои се наоѓаат пред овој проект.“

Таа додава дека ако се поаѓа од финансиската кондиција на оваа претпријатие тогаш оваа инвестиција нема економска логика.

„Тогаш дефинитивно станува јасно дека ниеден одговорен човек не би влегол во ваков проект кој чини околу 12 милиони евра, бидејќи јавното претпријатие секоја година доаѓа во Град Скопје и бара субвенции коишто треба да обезбедат нормално работење на основната дејност на ова претпријатие.“

Николов вели дека не е нелогично тоа што обврската за изградбата на овој проект ја добија ЈСП имајќи ги предвид минатите проекти.

Градските власти проектот Панорамско тркало го најавуваа уште пред 4 години, но тогаш плановите беа да се изведе со помош на јавно-приватно партнерство. Но по предлог на градските власти, оваа обврска е доделена на ЈСП а во петок се очекува овој предлог да виде одобрен и од мнозинството во советот на градот. Според плановите на ЈСП, во 2014 година за почетна инвестиција ќе треба да обезбеди речиси еден милион евра, додека во наредните три години за таа намена ќе треба да искешира по 3 милиони евра, а последната 2018 година ЈСП ќе одвои вкупно 1,6 милиони евра за таа намена.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG