Достапни линкови

И во САД идеологија пред економија


Делумното затворање на американската влада продолжува без никакви сигнали дека демократите и републикаците во Конгресот ќе се договорат околу планот за натамошно финансирање на федералните служби. Двете страни и натаму меѓусебно се обвинуваат за блокадата, која, според експертите, ќе има тешки последици, не само за американската економија.

Ова е навистина сериозно. Националната економија можеби нема многу да го забележи затворањето ако тоа трае три до четири недели. Но, потоа, ќе биде вистинско цунами.
Ги повикувам републиканците во Претставничкиот дом повторно да ја отворат владата, да ги рестартираат службите кои им се неопходни на Американците и да им овозможат на јавните службеници кои се испратени дома да се вратат на работа. Ова ќе се случи само кога републиканците ќе сфатат дека тие не можат да ја држат како заложник целата економија заради нивните идеолошки барања.
Барак Обама, претседател на САД

Ова го вели економскиот експерт Стивен Фулер, додавајќи дека привремното затворање на владата дојде во момент кога земјата почна да заздравува од една од најтешките економски кризи.

На стотици илјади федерални службеници им е порачано дека нивните работни места спаѓаат во категоријата на неважни и затоа треба да останат дома без да им биде платено. За разлика од нив, конгресмените и претседателот ќе добиваат плата и натаму.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе стави вето на секој парцијален закон за обнова на финансирањето на некој посебен дел од владата, на пример националните паркови или програмите за ветераните.

„Таквите парцијални напори не се сериозни и на таков начин не работи владата“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Тие исто така го отфрлија нашиот повик да седнеме и да ги решиме нашите разлики. Во Уставот јасно стои дека доколку двата дома во Когресот не се согласуваат, тогаш треба да преговараат за да ги надминат разликите. Боже мој, тие не сакаат ниту да седнат да разговараат за ова. Нашата земја има големи проблеми. Денес нашата влада има големи проблеми.
Џон Бенер. лидер на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом.

Првата ваква блокада на владата во изминативе 17 години започна вчера со почетокот на новата фискална година откако двата дома во Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом не донесоа закон за привремено финансирање на федралните служби.

Претседателот Обама ги обвини републиканците за „идеoлошка крстоносна војна“ против неговиот закон за универзална здравствена заштита, познат како Обамакер, со кој уште 40 милиони Aмериканци добиваат здравствено осигурување.

„Ги повикувам републиканците во Претставничкиот дом повторно да ја отворат владата, да ги рестартираат службите кои им се неопходни на Американците и да им овозможат на јавните службеници кои се испратени дома да се вратат на работа. Ова ќе се случи само кога републиканците ќе сфатат дека тие не можат да ја држат како заложник целата економија заради нивните идеолошки барања“, изјави Обама.

На ова веднаш реагираа републиканците кои ги обвинија демократите дека одбиле да преговараат за да се најде решение. Лидерот на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, Џон Бенер, оцени дека позицијата на Белата куќа била „неодржливо лицемерна“.

„Тие исто така го отфрлија нашиот повик да седнеме и да ги решиме нашите разлики. Во Уставот јасно стои дека доколку двата дома во Когресот не се согласуваат, тогаш треба да преговараат за да ги надминат разликите. Боже мој, тие не сакаат ниту да седнат да разговараат за ова. Нашата земја има големи проблеми. Денес нашата влада има големи проблеми“, изјави Бенер.

Последните анкети покажуваат дека мнозинството Американци се против блокадата на владата како начин да се спречи Обамакер кој, според фракцијата на републиканците позната како „Ти парти“, претставува опасност за американската економија.

Дури и доколку биде надминат ќорсокакот меѓу двата дома во Конгресот, секое финансирање на владата ќе биде привремено, односно до крајот на оваа година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG