Достапни линкови

Нереални идеи за нов формат за проблемот со името


Средба на медијаторот Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје, 2013.
Средба на медијаторот Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје, 2013.

Повиците за промена на форматот на преговори за името нема многу да помогнат, но сите предлози кои би помогнале во процесот се корисни, велат експертите.

Домашните аналитичари различно гледаат на повиците за промена на форматот на преговорите за името кои повремено се појавуваат во јавноста, а кои опфаќаат идеи од директна помош од Соединетите Држави, преку назначување на посредник на Европската унија, па се до средби на највисоко ниво.
Ние забораваме дека Метју Нимиц освен што е Американец, пред триесетина години бил подсекретар за политички прашања во американскиот Стејт Департмент и дека и пред секоја средба и по секоја средба со преговарачите и со државниот врв на едната или на другата земја, тој оди на брифинзи во Стејт Департментот, значи ги информира од прва рака првин нив, така да Америка е до крај инволвирана во тоа.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.

Барањето на Али Ахмети, Соединетите Држави директно да се вклучат во преговорите за името според професор Стево Пендаровски е упатено на погрешна адреса. Американците се веќе длабоко вклучени во овој процес и тоа директно преку посредникот Метју Нимиц, вели тој.

„Ние забораваме дека Метју Нимиц освен што е Американец, пред триесетина години бил подсекретар за политички прашања во американскиот Стејт Департмент и дека и пред секоја средба и по секоја средба со преговарачите и со државниот врв на едната или на другата земја, тој оди на брифинзи во Стејт Департментот, значи ги информира од прва рака првин нив, така да Америка е до крај инволвирана во тоа.“
браќање на премиерот Груевски на 66. Генерално собрание на ОН, 2011.
браќање на премиерот Груевски на 66. Генерално собрание на ОН, 2011.

За да се реализираат иницијативите за промена на форматот потребна е нова резолуција на ОН, особено ако станува збор за измена на конфигурацијата на преговорите, кој и за што преговара вели Пендаровски, додавајќи дека за политичкото ниво за тоа кој се ќе се вклучи во преговорите, одлучува самата држава.

„Европската унија не смее да ја замени Америка во преговорите, затоа што Америка е подалеку и во заради тоа понепристрасна, помоќна и заради тоа
Не верувам дека сега може нешто драматично да се случи во Њујорк, да се измени нешто драстично во курсот на тие разговори, меѓутоа мислам дека се корисни тие предлози.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.
непристрасна. Америка не е членка на Европската унија и нема обврска да го почитува принципот на солидарност.“

Професор Димитар Мирчев пак вели дека секој предлог за посредување кој би помогнал во процесот на финализирање на разговорите е корисен и продуктивен.

„Не верувам дека сега може нешто драматично да се случи во Њујорк, да се измени нешто драстично во курсот на тие разговори, меѓутоа мислам дека се корисни тие предлози.“

На прашањето пак дали македонската делегација во Њујорк може да го искористи своето присуство на генералното собрание на Обединетите Нации и да побара директно од оваа организација да биде примена под уставното име, експертите се согласни дека таквото сценарио е нереално.

„На дневниот ред на ОН невозможно е да се најде какво било прашање, не само ова, какво било прашање на дневниот ред, ако за тоа не дадат согласност постојаните пет земји членки на Советот за безбедност. Јас во овој момент проценувам дека најмалку тројца нема да дадат согласност да влезе ова на дневен ред и да се гласа со просто мнозинство“, изјави Пендаровски.

Професор Мирчев вели:

„Не е реалистично, немало ниту многу подготовки за една таква варијанта.“

Во прилог на тоа дека таквата иницијатива нема реални шанси да помине, експертите потсетуваат на 1993 година кога Македонија беше примена во Обединетите Нации. Тогаш велат тие нашето барање за членство било со месеци во фиоката на тогашниот генерален секретар Бутрос Гали, пред се поради немањето консензус меѓу најмоќните пет земји членки на Советот за безбедност.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG