Достапни линкови

Паралелно за „името “ и со ЕУ, ама...


Архивска фотографија - Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје -2012.
Архивска фотографија - Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје -2012.

Повторното заживување на идејата за паралени процеси за влез во ЕУ и решавање на спорот со Грција, би било добро, но премногу е оптимистички да се очекува таквo нешто, коментираат познавачите.

Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц претпладневно се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Во текот на денот е најавена средба со премиерот Никола Груевски, а вчера медијаторот се сретна со претседателот Ѓорче Иванов.
Очигледно е дека разговорите за спорот со Грција се одвиваат многу, многу бавно, динамиката е неповолна и ние всушност го предложивме тоа во неколку официјални наврати, моделот на Хрватска и Словенија. Досега немаше многу одѕив тоа, меѓутоа мислам дека колку господинот Нимиц истото тоа го мисли и го предлага, дека се зголемува тежината на тој предлог во Европската Комисија.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Претседателот Иванов вчера изјави дека очекува земјава на следниот Самит на ЕУ да добие датум за почеток на преговори за влез во Унијата. Тој се повика на слични случаи кога за кандидати кои биле блокирани се донело одлука паралелно да се движат процесите на решавање на отворените прашања и на евроинтеграциите. Иванов изрази очекување дека тоа може да се случи и со Македонија.

Тоа не е нова идеја, за тоа земјава се залага во последните 2-3 години, вели професор Димитар Мирчев.
претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц.
претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц.

„Очигледно е дека разговорите за спорот со Грција се одвиваат многу, многу бавно, динамиката е неповолна и ние всушност го предложивме тоа во неколку официјални наврати, моделот на Хрватска и Словенија. Досега немаше многу одѕив тоа, меѓутоа мислам дека доколку господинот Нимиц истото тоа го мисли и го предлага, дека се зголемува тежината на тој предлог во Европската Комисија.“

Доколку тоа се случи, тоа ќе биде добро за двете страни, додава Мирчев, затоа што, како што вели, малку ќе опадне фрустрацијата и нервозата околу спорот за името.
Јас лично и сите ние би сакале да биде така, меѓутоа на неколку пати веќе се докажува дека грчката страна нема да дозволи да отпочне процесот, за да се осигура едноставно, дека нејзините државни интереси ќе бидат заштитени и дека ќе се реши ова прашање што е за нив очигледно толку важно.
Денко Малески, универзитетски професор.

„Едноставно за Македонија ќе биде еден амбициозен чекор за да ги почнеме тие преговори. Се разбира не е определено колку ќе траат. Грција во секој случај ќе има можност во секоја фаза на тие преговори, особено пак кога би завршиле релативно брзо, ефикасно, да не блокира повторно.“

Професор Денко Малески вели дека оптимизмот на македонската страна дека може да почне да преговара за влез во ЕУ, а во исто време да го решава спорот за името, е она што Андриќ во една своја книга запишал дека „Балканскиот оптимизам нема основа во ништо друго, освен во самиот себе“.

„Јас лично и сите ние би сакале да биде така, меѓутоа на неколку пати веќе се докажува дека грчката страна нема да дозволи да отпочне процесот, за да се осигура едноставно, дека нејзините државни интереси ќе бидат заштитени и дека ќе се реши ова прашање што е за нив очигледно толку важно. “

Друг проблем е што изјавата на претседателот Иванов, не ја следат аргументи, додава Малески.

„Туку тоа е повеќе повикување да биде така, меѓутоа очигледно веќе неколку пати тоа не е така, не се случува и не верувам дека ќе се случи овој пат.“

Пред посетата на Скопје, Нимиц ја посети Атина.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG