Достапни линкови

Буџетот со нова процедура, но исти актери


Распава за буџетот, 24 декември 2012.
Распава за буџетот, 24 декември 2012.

Со донесувањето на извештајот за 24 декември се отвараат услови буџетот за следната госина да се носи мирно, односно да се избегнат минатогодишните инциденти, велат од политичките партии.

Се создаваат услови за мирно донесување на Буџетот за 2014 година, велат од политичките партии во очекување на официјалниот предлог за догодинешните приходи и расходи од народената каса за идната година. Прашањето се проблематизира по донесувањето на овогодинешниот буџет. Лани несогласувањата ескалираа со инцидент во собранието во декември.
Мислам дека веќе со самото тоа што го потпиша и што се прифатија измена на процедурите за носење на буџетот и на други работи, дека тоа не би требало повторно да се случи. Има една јака опомена, една стара поговорка вели – Историјата се повторува, но ако првиот пат е драма, вториот пат е фарса.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Потпретседателот на опозициската СДСМ Ванчо Узунов вели дека со потпишувањето на извештајот од работата на ад-хок комисијата за настаните од 24 декември се покажало дека власта направила намерна грешка со тоа што се вмешала во ингеренциите на закониодавната власт.

„Мислам дека веќе со самото тоа што го потпиша и што се прифатија измена на процедурите за носење на буџетот и на други работи, дека тоа не би требало повторно да се случи. Има една јака опомена, една стара поговорка вели –
Собраниска седница за ребаланс на буџетот, 2012 година.
Собраниска седница за ребаланс на буџетот, 2012 година.
Историјата се повторува, но ако првиот пат е драма, вториот пат е фарса.“

Прашањето за ефикасноста на препораките од работата на ад-хок комисијата се покрева по многубројните забелешки при донесувањето на извештајот за ланскиот инцидент. Иако документот беше потпишан, се
Со самото усвојување на постапка која ќе биде усогласена меѓу условно реченo сите политички партии, јас мислам дека тоа ќе биде тенденцијата, да бидат надминати сите несогласувања.
Неџати Јакупи, ДУИ.
чини останаа несогласувањата околу одговорноста за случувањата во законодавниот дом на 24 декември. Власта не се согласува со правните квалификации од извештајот. Работите отидоа до таму што дел од пратениците нотираа несогласување над потписите на документот. Узунов вели дека целта на извештајот на комисијата е токму избегнување на проблеми во иднина, со промена на процедурите и слични препораки.

„Најглавната порака е политичката порака до граѓаните, дека тоа е нешто што не смее да се случува, еднаш се случило и веќе никогаш не смее да се повтори во Република Македонија. Тоа е основата на тој извештај и затоа инсистираше Европската унија на тој извештај и на негово донесување. Граѓаните да сфатат дека е нешто многу лошо, погубно за демократијата направено и веќе никогаш да не се повтори, ако сакаме да бидеме држава која напредува.“

Координаторот на пратеничката група на коалицискиот партнер во власта ДУИ Неџати Јакупи потсетува дека согласно процедурите, предлог-буџетот за догодина треба да влезе во собраниска процедура на први октомври.

„Со самото усвојување на постапка која ќе биде усогласена меѓу условно реченo сите политички партии, јас мислам дека тоа ќе биде тенденцијата, да бидат надминати сите несогласувања. Со постапката со која сега сите ќе се согласиме, ќе бидеме задолжени да ја почитуваме, така да ќе бидат евидентирани сите интерпретации во однос на усвојувањето на буџетот.“
XS
SM
MD
LG