Достапни линкови

И ДПА да работи на препораките од Извештајот за 24 декември


Од ДУИ инсистираат тоа место да остане резервирано само за ДПА, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДПА треба да дискутира за препораките, а од СДСМ предлагаат на тоа место да дојде друг.

ДПА треба да го заземе шестото место во работната група која работи на спроведување на препораките од Извештајот за 24 декември. Од ДУИ инсистираат тоа место да остане резервирано само за ДПА, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДПА треба да ја искористи можноста и да дискутира за препораките , а од СДСМ предлагаат на тоа место да дојде некој од друга опозициска партија во Собранието. И на вториот состанок работната група разгледувала компаративни искуства и предлози за приоритетни точки. Од следниот состанок идната недела со конкретни предлози ќе се работи на новата постапка за усвојување на буџет и на измените од Деловникот кои се однесуваат на ограничување на дебатата.
Она што за нас е неприфатливо тоа е дискриминацијата, значи не може на една комисија да имате ограничување, на друга не.
Игор Ивановски, СДСМ.

Од СДСМ велат дека за нив е прифатливо да има тримесечна организирана дебата за буџетот, која ќе овозможи сериозно учество на опозицијата. Тие се противат на ограничувањето на дебатата во комисиите за другите закони.

„Она што за нас е неприфатливо тоа е дискриминацијата, значи не може на една комисија да имате ограничување, на друга не. А генерално јас како координатор на опозициска пратеничка партија и како граѓанин којшто верува во парламентарна демократија сум против било какви ограничувања“, изјави Игор Ивановски од СДСМ.
Собраниска координација за препораките на комисијата за 24 декември.
Собраниска координација за препораките на комисијата за 24 декември.

Неодамна потпретседателката на Собранието Сузана Салиу од ДУИ рече дека сега е најповолен момент, во работната група да се отвори и да се регулира прашањето за официјалната употреба на албанскиот јазик.
Во т.н трет пакет од овие препораки има можност да се дебатира и да се дискутира за наши согледувања во однос на наши ограничувања или нејаснотии во употребата на албанскиот јазик.
Неџати Јакупи, ДУИ.

„Употребата на албанскиот јазик во моментот се имплементира во согласност со законот за употреба на јазиците и секако во т.н трет пакет од овие препораки има можност да се дебатира и да се дискутира за евентуални препораки, односно наши согледувања во однос на наши ограничувања или нејаснотии во употребата“, вели членот на работната група од редовите на ДУИ Неџати Јакупи.

Тој вели дека според законот Салиу има право да ја води пленарната седница на албански, но досега претседателот на Собранието не и дал можност таа да води седница.
Илија Димовски.
Илија Димовски.

За владејачката ВМРО-ДПМНЕ препораките се јасни, а работната група нема мандат да излегува од таа рамка. Претседателот на работната група и член на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели дека ја разбира дека различни пратенички групи имаат различни проблеми и различни
Мислам дека може да се имплементираат препораките коишто ќе гарантираат системски решавања на критичните точки каде настанаа конфликтите минатата година.
Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
толкувања на работата на парламентот, но дека сепак сега приоритет треба да им се даде на препораките.

„И мислам дека со малку повеќе позитивна енергија и малку и растеретување на погледот кон Парламентот во смисла на тоа кој е на власт, а кој е во опозиција, туку со еден посериозен пристап на системско надминување, мислам дека може да се имплементираат препораките коишто ќе гарантираат системски решавања на критичните точки каде настанаа конфликтите минатата година.“

Работната група нема рок до кога треба да ги спроведе 11 препораки кои произлегоа од Извештајот за 24 декември, но членовите се надеваат дека до почетокот на октомври ќе завршат дел од 11-те препораки, во пресрет на есенскиот извештај на ЕК за Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG